22 факти што ќе ви го разубават денот

Малку луѓе знаат дека ако почнете да се смеете со сила, наскоро ќе почнете да се смеете и вистински. Од вистински приказни, до забавни слики и видеа на Интернет, денес има безброј начини да се насмеете. Доколку сакате да се забавувате, но и да научите нешто, прочитајте ги овие факти што ќе ве расположат и ќе ви го разубават денот.

22 факти што ќе ви го разубават денот

1. Морските видри се држат за рака додека спијат за да не се разделат една од друга.

2. Исто како и луѓето, и делфините им пеат на нивните бебиња додека се во стомакот.

3. Норвешка прогласи пингвин за витез и неговото име е Нилс Олав.

4. Птиците тупик се моногамни и имаат само еден партнер во текот на животот.

5. Поларните мечки го чистат нивното крзно триејќи се од снегот и туркајќи се со нозете.

22 факти што ќе ви го разубават денот

6. Во Турција има автомати во кои можете да ставите пластично шише за да нахраните улична мачка или куче.

7. Најчесто, машките кученца им дозволуваат на женските да победат додека си играат.

8. Постои мачка слична на кучето корги, која е исто толку слатка и е наречена манчкин.

9. Никој не знае зошто, но грбавите китови ги штитат фоките и другите морски суштества од китовите убијци.

10. Исто како што човечките бебиња ги шмукаат нивните палци, бебињата слонови сакаат да ги шмукаат нивните сурли.

22 факти што ќе ви го разубават денот

11. Националното животно на Шкотска е еднорог.

12. Кога виличните коњчиња се парат, тие формираат срце.

13. Исто како и луѓето, и кравите имаат најдобри пријатели и дружбата со нив ги прави посреќни.

14. Актерите Вејн Алвин и Руси Тејлор кои ги позајмувале гласовите на Мики и Мини Маус, биле во брак во реалниот живот.

15. Од Марвел го создале суперхеројот „Синото уво“ за поддршка на Ентони Смит, дете со проблеми со слухот.

22 факти што ќе ви го разубават денот

16. Исланд е држава без комарци.

17. Поради неговата густина, медот не се расипува и може да се консумира и по неколку векови.

18. Еден вид мајмуни го започнуваат нивниот ден со групни прегратки.

19. Група баби од Тенеси правеле и им давале храна на странци секоја недела од 1977-ма година до денес. Познати се како „9 Nanas“ (9 баби).

20. За да ја покажат нивната благодарност што ја добиле за време на Втората светска војна, Холандија секој година ѝ испраќа 20.000 лалиња на Канада.

22 факти што ќе ви го разубават денот

21. Младите кози го добиваат нивниот акцент од другите кози.

22. Според физиката, секој елемент на нашата планета претходно бил создаден во срцето на ѕвезда, што значи сите ние сме направени од ѕвездена прашина.

Прочитајте ги и овие факти за човечкото тело што навистина ќе ве изненадат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар