5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Веќе ги знаете најпопуларните туристички дестинации, а можеби и сте посетиле неколку. Но, доколку сакате нешто ново, погледнете ги местата кои според експертите за патување, допрва ќе станат хит.

1. Капаа, Хаваи

5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Зборот „kapa’a“ на хавајски значи „цврсто“ и е име на место кое не е многу популарно помеѓу туристите. Но, изминативе неколку години популарноста на ова место расте, благодарение на многуте хотелски понуди, трговски центри и ресторани. Малиот град кој е сместен во подножјето на планината Ноуноу е одличен избор за сите кои сакаат да уживаат во океанот, но сакаат да ја избегнат вревата од туристите.

Овде можете да најдете многу предмети изработени со традиционални материјали и сигурно ќе понесете нешто со вас. Капаа е хавајско место познато и по многуте водни спортови кои можете да ги пробате. Доколку отпатувате овде, не заборавајте да го посетите и манастирот Кауаи, кој е познат по тоа што во него се изведува ритуална хиндуистичка молитва 24 часа дневно.

2. Ишигаки, Јапонија

5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Водата околу Ишигаки е толку сина, а песокот толку бел, што местото ќе ви изгледа нереално. Ова патување ќе биде незаборавно искуство за сите ваши сетила. Искусните туристи препорачуваат возење со брод со стаклено дно, преку кое ќе можете да ги гледате прекрасните корални гребени и тропските риби. Ова место има неверојатен подводен свет што навистина вреди да го видите.

3. Гдањск, Полска

5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Еден од најубавите градови во Полска секоја година станува сè попопуларен. Градот има и многу значајна улога во историјата – во 1939-та година бил точка од каде што тргнал европскиот, а и светскиот колапс, а во 1980-та бил место каде што се основал синдикатот Солидарност. Исто така, Гдањск е навистина важно место во кое се испреплетени историјата и сегашноста. Стариот град бил речиси целосно срушен за време на Втората светска војна, но конзерваторите завршиле одлична работа и го вратиле неговиот стар дух.

4. Рига, Латвија

5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Овој град е неверојатна мешавина од латвиска традиција и влијанието од разните држави кои ја окупирале државата во текот на годините. Рига е познат по неверојатните достигнувања во југендстилот, а неговиот арт нуво центар е заштитен од УНЕСКО.

Во Рига има голем број барови, ресторани, но и музеи и можете да посетите сè со ограничен буџет. Покрај музеите и галериите, можете да ги посетите и историски значајните места. Доколку одите за време на пролет, лето или почетокот на есента, сигурно ќе начекате некој концерт или претстава на отворено.

5. Сан Хозе, Костарика

5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

Без разлика дали сте љубители на кафе или не, овој град е престолнина со кафе и мора да пробате од магичниот пијалак. Пробајте го свежо печеното кафе на централниот плоштад и уживајте во вкусот. Овде можете да го посетите и Музејот на златото, кој сигурно ќе ве остави без зборови. Доколку сакате да се забавувате, Ел Пуебло е центарот на ноќниот живот и место каде што можете да најдете одлични коктели и забава до раните утрински часови.

Погледнете ги и овие потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар