Како да престанете со 'рчењето

Како да престанете со ‘рчењето?

Доколку страдате од ‘рчење, секоја вечер пропуштате квалитетен дел од вашиот сон и го нарушувате одморот на партнерот и на вашето семејство. Проблемот со кој се соочуваат сите кои ‘рчат, не е причината зошто го прават тоа, туку како да престанат да го прават истото засекогаш. Покрај операција, има и неколку природни и безопасни методи кои можете да ги примените за да го решите вашиот проблем.

Како да престанете со ‘рчењето

Зошто ‘рчиме?

Да поедноставиме, луѓето ‘рчат поради блокирање на дишните патишта. Блокирањето може да се создаде поради преголемо опуштање на мускулите на грлото и јазикот. Ова полесно може да се случи доколку пред заспивањето сте консумирале одредена доза алкохол или пак некои апчиња.

Исто така, оние чие меко ткиво на задниот дел од устата е поголемо, можат да имаат проблеми бидејќи тоа им ги блокира дишните патишта. Индивидуално, лицата со поголема тежина и подебели вратови се склони кон оваа непријатна навика, повеќе од останатите.

Спиењето на грб исто така помага при ‘рчењето. Ова се случува бидејќи додека спиете на грб, гравитацијата го повлекува јазикот и вилицата надоле, при што се блокираат патиштата.

Како да престанете со ‘рчењето

Начини за спречување на ‘рчењето

Да започнеме од најочигледните и наједноставните. Поставете неколку перници зад главата за да ја подигнете и за да го попречувате блокирањето. Практикувајте да користите потврди перници доколку се справувате со овој проблем  и избегнувајте да спиете на грб. Секогаш погрижете се ноздрите да ви бидат убаво прочистени.

Ослабете некој килограм. Намалувањето на телесната тежина навистина многу може да ви помогне при решавањето на овој проблем.

Избегнувајте млечни производи пред легнување. Млечните производи предизвикуваат поголемо создавање на слуз што може да му овозможи на процесот да се забрза. Пробајте да избегнувате големи и тешки оброци непосредно пред заспивањето. Исто така, обавезно избегнувајте алкохол во вечерните часови.

Како да престанете со ‘рчењетоКупете си овлажнувач на воздух за во просторија. Пареата го намалува застојот во грлото и го прочистува.

Користете етерични масла. Има одредени мириси кои можат да ги отворат вашите дишни патишта. Доколку сте биле настинати или доколку сте имале лоша назална конгестија, со сигурност сте користеле лек кој содржи ментол во него. Постои и етерично масло од ментол кое може да се употребува секојдневно. Направете мешавина 50/50 од етерично масло од ментол и вода и попрскајте го делот од креветот каде што ја движите главата и перницата. Исто така, можете да користите и масло од нане или еукалиптус.

Откажете ги цигарите. Пушењето од која било гледна точка е лошо за вашето здравје. Пушењето може да го потпомогне ‘рчењето бидејќи ja влошува состојбата на ткивото на грлото, предизвикувајќи негова поголема вибрација.

Како да престанете со ‘рчењето

Операција за спречување на рчењето

Според истражувањата, четвртина од населението на земјата ‘рчи. Иако најчесто проблем претставува позиционирањето на вратот и телото или пак лошата перница, сепак има индивидуи кои веќе се изморени да ги пробуваат овие природни начини. Операција се изведува така што се отстранува дел од задното ткиво што го предизвикува ‘рчењето. Откако ткивото ќе се отстрани преку едноставната процедура, патиштата многу полесно ќе се отвораат. Ова ќе го елиминира вашиот проблем засекогаш, а и партнерот конечно ќе може убаво да се наспие.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар