Кул вегетаријански рецепти

Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање…

1. Мафини со афионово семе

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 3 чаши брашно
  • 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
  • 1 ½ кафено лажиче сол
  • 2 супени лажици семе од афион
  • 1 ½ чаша млеко
  • 1 ½ кафено лажиче ванила
  • 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
  • 3 јајца
  • 1 ⅛ чаша масло за јадење
  • 2 чаши шеќер

Начин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.

2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 2 супени лажици маслиново масло
  • кора од еден лимон
  • 1 супена лажица лук во прав
  • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
  • 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин

Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.

3. Овесна каша со боровинки

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 1 чаша овес
  • 1 чаша вода
  • 2 чаши сок од јаболки
  • една полна дланка боровинки

Начин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.

4. Виетнамска палачинка од компири

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 1 кг компири
  • 1 кромид со средна големина
  • 1 јајце
  • 1/4 чаша брашно
  • растително масло
  • кора од 1/2 портокал
  • мелен цимет
  • 1/4 кафена лажичка анасон
  • прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
  • сол и црн пипер (по вкус)

Начин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.

5. Мус од тиква

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 450 г тиква
  • 1 голема банана
  • 200 г меко тофу (сирење од соја)
  • 2 ½ кафено лажиче цимет
  • 1/4 кафено лажиче ѓумбир
  • 1/4 морско оревче
  • 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)

Начин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.

6. Здрави колачиња со ѓумбир

Кул вегетаријански рецептиСостојки за 24 колачи:

  • 2 ¼ чаши бело пченично брашно
  • 2 кафени лажички мелен ѓумбир
  • 3/4 кафена лажичка мелен цимет
  • 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
  • 3/4 чаша шеќер
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
  • 1/2 чаша масло канола
  • 1/4 чаша меласа
  • 1 големо јајце

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.

7. Чоколадни компирчиња

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 300 г колачиња
  • 1 чаша лешници
  • 1/2 чаша шеќер
  • pоловина чаша млеко
  • 2 кафени лажички какао
  • 150 г путер

Начин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.

8. Супа од брокула

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 1 брокула
  • 1 лук
  • 1 француски кромид
  • маслиново масло
  • вода
  • сол и мелен црн пипер (по вкус)
  • павлака (не е задолжителна)

Начин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.

9. Динствуван зеленчук

Кул вегетаријански рецептиСостоjки:

  • 1 конзерва наут (леблебија)
  • 8 домати
  • 2 црвени пиперки
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 кафено лажиче црвен пипер
  • 3 свежи ловорови ливчиња
  • 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
  • 6 супени лажици маслиново масло
  • коцка супа растворена во вода
  • шафран
  • 150 мл бело вино

Начин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.

10. Ќофтиња од сладок компир

Кул вегетаријански рецептиСостојки:

  • 2 слатки компири
  • 120 г брашно
  • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
  • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
  • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
  • сок од пола лимон
  • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
  • сол и црн пипер
  • сусам
  • хумус и спанаќ (по желба)

Начин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Ew.

Остави коментар