Со кои спортови најбрзо се слабее?

Редовните физички активности и правилната исхрана најмногу придонесуваат за здраво слабеење. За да ги губите килограмите на здрав начин, одберете спорт или физичка активност која најмногу ќе ви одговара. Во продолжение, ви претставуваме 12 видови спорт, преку кои најбрзо и најделотворно се согоруваат калории.

1. Трчање

Наједноставниот, но и многу ефикасен начин за слабеење е трчањето. На почетокот се препорачува да комбинирате бавни и лесни чекори со куси спринтови и брзо одење. Со ваков тренинг на интервали, многу успешно се согоруваат калории.

Со кои спортови најбрзо се слабее?

2. Возење велосипед

Без разлика дали станува збор за собна справа или велосипед кој ќе го возите на отворено, возењето е одличен начин за согорување калории, особено возење на угорница. Со еден час вртење на педалите од велосипедот, можете да согорите од 500 до 1.000 калории.

3. Одење

Брзото одење, односно пешачење е најлесна физичка активност, а ги обликува нозете, стомакот и бутовите. Одењето по угорница и по нерамен терен, на пример по планина, согорува уште повеќе калории. Наместо возење со автомобил или со јавен превоз, појдете пешки на работа, бидејќи секојдневното пешачење придонесува за доброто здравје.

4. Скокање

Секоја врста на вежбање која вклучува скокање придонесува за согорување калории. Пример е скокањето со јаже со кое со согоруваат 700 калории во час или скокањето на трамбулина со кое се согоруваат 400 калории.  Тренингот кој се состои од скокање и чучнување, исто така е одлична активност за согорување масни наслаги и зајакнување на мускулите.

Со кои спортови најбрзо се слабее?

5. Танцување

Едноставен, забавен и евтин начин за слабеење е танцувањето. Со оваа телесна активност можете да се занимавате дома, бидејќи доволно е да ја пуштите вашата омилена музика и да играте барем еден час. Можете да купите и некое дивиди, на кое можете да научите потези за танцување, кои ќе ви помогнат да изгубите голем број на калории. Еден час танцување придонесува за губење од 600 до 800 калории.

6. Тенис

Тенисот е забавен спорт кој многу помага за слабеење. Тој бара од вас постојано и брзо да се движите, што е идеален начин за согорување калории.

7. Пливање

Иако летото замина, сепак постојат базени во кои ќе можете активно да се занимавате со овој спорт. Еден час поминат во активно пливање, согорува 800 калории и го обликува целото тело.

Со кои спортови најбрзо се слабее?

8. Веслање

Ако барате спорт кој ги обликува рацете, тогаш дефинитивно веслањето е тоа што го барате. Покрај зацврстувањето на мускулите, со веслањето се трошат околу 500-600 калории за еден час.

9. Дигање тегови

Иако кардиоваскуларните вежби се клучни за слабеењето и согорувањето на мастите, немојте да го занемарите и вежбањето на телото. Еден час дигање тегови согорува околу 200 калории, а тренерите препорачуваат три пати неделно по 30-40 минути.

Со кои спортови најбрзо се слабее?

10. Кикбокс

Со оваа активност не само што ќе согорувате околу 600 калории во еден час, туку и ќе го изнесувате стресот од вашето тело.

11. Групни спортови

Спортовите како фудбал, ракомет или кошарка, бараат постојано трчање со различна брзина и интензитет. Таквата кардиоваскуларна активност помага при согорувањето на мастите, а дополнително, групните спортови се и позабавни.

12. Јога

Истегнувањето и јогата, покрај тоа што помагаат за намалувањето на стресот, болките во грбот и подобрувањето на флексибилноста на телото, тие се и ефикасен начин за слабеење. Еден час вежбање јога согорува 180 калории, а ако вежбите се потешки и многу повеќе.

Со кои спортови најбрзо се слабее?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Зоран Reply

    А со кои тоа тегови се губат само 200 Калории за еден час? Со „воздушни“?

  2. aco Reply

    Jas se kladam deka kick boks e na prvo mesto vo sportovi za slabeenje
    provereno dokazano

  3. sho Reply

    Тенисот мене само ме здебели. Бара многу храна, а нема доволно јак тренинг за да истрошиш.

    • Тина Reply

      Naprotiv mene tenisot mnogu mi pomogna :) za kogo kako 😉

  4. sara Reply

    boxot tancot i trcanjeto e isto taka dobro provereno :)

  5. maja Reply

    sto sakate kazete , ali plivanjeto e definitivno BR.1 za slabeenje i oblikuvanje na celo telo …i za mnogu kratok vremenski period se dobiva efektot za razlika od drugite navedeni sportovi

  6. lol Reply

    pa site sportovi gi napisavte…

Остави коментар