Како да изберете идеална боја за вашата коса?

Како да изберете идеална боја за вашата коса?

Менувањето на бојата на косата е убав начин набрзина да си го промените имиџот. Секако, тоа не значи дека секоја боја е соодветна за вас. Пробувањето нови бои секој месец ниту ви овозможува да го задржите добриот изглед, ниту пак е добро за косата. Затоа, погледнете се во виртуелното огледало за да ја изберете идеалната боја и вистинската нијанса. Виртуелното огледало го овозможува Perfect 10 и претставува онлајн-апликација која ќе ви помогне да ги тестирате нијансите на разните бои, пред да ја направите промената кон која тежнеете.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Начин на користење: Работата со апликацијата е многу едноставна. Изберете добра фотографија, на која лесно ќе можете да ги означите краевите на косата. Исто така, таа треба да е направена на добро светло, така што ќе можете реално да ги забележувате промените на бојата на косата во однос на вашиот тен. Со четкичките бојте одозгора, бришете кога ќе згрешите и сè така додека да добиете совршено исцртани граници на вашата фризура. Потоа, пробувајте, споделувајте ги резултатите со вашите пријатели и очекувајте искрени мислења.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Бонус совет: Изборот на вистинската боја на коса не е лесна работа. Треба да се зема предвид бојата на кожата, на очите, текстурата на косата и карактерот. Можеби ги сакате оние светло руси коси или пак „даркерски“ црни, но тоа може да резултира со изгорена коса, губење на специфичните карактеристики на вашето лице или пренагласување на некои кои не треба да се толку потенцирани. Препорачливо е да експериментирате со 2-3 нијанси посветла или потемна боја на коса од вашата природна.Како да изберете идеална боја за вашата коса?Експериментирајте и (по)кажете ни ги резултатите 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ane Reply

    mislam deka idealnata boja na nasata kosa e onaa koja sto sme ja dobie od ragjanje ,a ne onaa koja sme ja dobile po vestacki pat 😀

  2. sakki Reply

    ve molam dajte mi ja stranicata od tretata slika kaj so e praveno toa

  3. Eli Reply

    Moze link kade se stava slika?

    • Кафе пауза Reply

      Треба да се кликне на линкот во текстот.

  4. Eli Reply

    Kako da se isproba aplikacijata?

  5. Nikojjj Reply

    Ne saka da se pojavi toa sto e na 3 slika. Ke dade li nekoj link za taa slika ?

  6. We Reply

    kako da prikacam slika?

    • Кафе пауза Reply

      Треба да се кликне на последната слика и таму да се следи постапката.

Напиши одговор на Eli Откажи одговор