Избегнете ги овие грешки при нанесување на коректорот

Избегнете ги овие грешки при нанесување на коректорот

Автор: Сара Турановиќ

Голем број жени кои имаат проблеми со подочници, акни или пак брчки, како ефективно решение користат коректор. Тој е помеѓу омилените козметички производи, дури и кај жените кај кои шминката не е секојдневен ритуал. Коректорот ја има моќта да ги покрие сите недостатоци на кожата, па затоа сите го обожаваат. Меѓутоа ако не сте задоволни со ефектот, можно е да правите некоја грешка при неговото нанесување. Погледнете ги најчестите грешки.

izbegnete-gi-ovie-greshki-pri-nanesuvanje-na-korektorot-kafepauza.mk

1. Изборот на коректор

Коректорот доаѓа во различни облици, па затоа е многу важно да го пронајдете оној што најмногу ви одговара. Коректорот во цврст облик е најдобар за прикривање на недостатоците на лицето како што се црвенилото и флеките. Течниот коректор со четка или во молив е одличен за прикривање на подочниците.

2. Пресветла нијанса

Ако се разбудите со темни подочници и пробате да ги прекриете со светла нијанса на коректор, само уште повеќе ќе ги нагласите. Подобро изберете коректор кој ќе биде само за нијанса посветол од вашата кожа.

3. Погрешно нанесување

За да ви остане коректорот цел ден на лицето не заборавајте да го фиксирате со пудра во прав. За ова може да ви помогне четката за нанесување сенка за очи.

4. Правилно нанесување

Кога ќе нанесете коректор на проблематичното место, немојте да го размачкувате со прст. Секоја несовршеност подобро ќе ја прикриете ако го размачкате со четка или пак сунѓерче.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар