Еве што сè може да ви се случи ако не го чувате телефонот во спалната соба

Изминативе години многу често слушавме како технологијата негативно влијае врз нашиот сон. Вештачката сина светлина од електричните уреди во нашиот мозок ги активира невроните кои нè спречуваат да се чувствуваме поспани.

0-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

Електричните уреди не влијаат само на нашата способност да заспиеме туку и на квалитетот на сонот. Тие го нарушуваат производството на мелатонин, хормонот кој го поттикнува сонот. Иако сината светлина е главна причина зошто треба да го оставиме телефонот надвор од нашата спална соба, постојат уште неколку други причини.

1. Помали се шансите тотално да го нарушите вашиот внатрешен часовник

Допишувањето до доцна навечер и користењето на телефонот во креветот само повеќе ги зголемува проблемите со недостаток на сон. Кога сe допишувате во кревет, мозокот постојано ви е стимулиран и го одложува заспивањето. Затоа го нарушувате вашиот внатрешен часовник и фазите на сонот. И утредента не можете да заспиете сè до времето кога сте останале будни претходната вечер. Поради тоа немате доволно енергија и сте помалку продуктивни.

1-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

2. Може да прочитате нешто корисно

Ако не можете веднаш да заспиете, земете книга наместо телефон. Ламбата која стои до креветот не го стимулира мозокот како сината светлина од телефонот, и дозволува да заспиете. Содржината на книгата ќе ве заспие, секако доколку не е премногу возбудлива. Освен тоа, подобро ќе го запаметите она што ќе го прочитате пред спиење. Една студија во 2012 година откри дека најдобро го памтиме она што ќе го научиме пред спиење.

2-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

3. Ќе ја намалите изложеноста на радијација

Иако нема цврсти докази што ги поврзува телефоните со развојот на рак, познато е дека телефоните емитираат некој вид електромагнетна радијација која ткивото кое се наоѓа во близина на телефонот го впива. Интернационалната агенција за истражување на ракот открила дека трансмисиите се „потенцијално канцерогени“ и дека ризикот е сè поголем доколку телефонот е поблиску. Ризикот е минимален и безначаен ако телефонот не е поврзан со Wi-Fi, а најмалку ако е потполно исклучен.

3-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

4. Ќе се релаксирате (штом известувањата од телефонот ќе престанат да доаѓаат)

Ако го оставете телефонот во близина, сакале вие или не, постојано ќе бидете алармирани и напнати. Ако потсвесно очекувате повик, порака или е-пошта, нема да можете да се релаксирате и да заспиете. Колку е телефонот подалеку од вас, толку подобро ќе спиете.

4-eve-shto-se-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-ne-go-chuvate-telefonot-vo-spalnata-soba-kafepauza.mk

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар