Дали често зборувате во сон? Можеби сте под стрес

Дали често зборувате во сон? Можеби сте под стрес

Сите знаеме дека постојат луѓе кои зборуваат во сон, но за разлика од филмовите каде што на партнерите им ги признавате вашите најголеми тајни, ова се често несфатливи зборови, а понекогаш и само мрморење. Дури и смеењето или плачењето во сон за кое не сте свесни е знак дека можеби сте под одреден степен на стрес што ви се манифестира на овој начин.

Дали често зборувате во сон? Можеби сте под стрес

Зошто луѓето зборуваат во сон?

Постојат неколку причини зошто некој зборува додека спие. Најголеми надворешни фактори се стресот, лековите, здравствената состојба и некои нарушувања на спиењето (на пример, несоница, апнеја при спиење и нарколепсија). Но, влијание може да имаат и прекумерниот замор или недостатокот на сон. Од друга страна, ако сте под поголем стрес, зборувањето во сон може да стане поредовно, односно би можеле да зборувате во сон секоја вечер.

Дали може да се спречи зборување во сон?

Прекумерниот замор или лошата хигиена на спиењето (внесување премногу кофеин или алкохол, несоодветен распоред за спиење или прекумерно спиење) може да доведат до поголема возбуда, што ја зголемува шансата за зборување во сон. Значи, за да го намалите зборувањето во сон, треба да работите на тие фактори. Сепак, треба да знаете дека зборувањето во сон е сосема нормално и е почесто отколку што мислите.

Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар