Ова не е вистинската личност за вас: 4 добри причини за моментално раскинување

Љубовта е чудна работа. Ви нуди толку многу убавини и безгрижност, ви става розови очила, па затоа и често сте немоќни да ја забележите реалната ситуација. Меѓутоа, кога ќе се случи од облаците да паднете право на ладниот бетон и да ги видите работите такви какви што се, тогаш доаѓа кошмарот и си го поставувате прашањето „Каде бев досега и што правев?“

После неколку месеци хармонична врска и љубов, следува логичното прашање „Каде води ова?“ Одговорот кој сите го очекуваме е личноста со која ги делиме сите наши заеднички моменти или постела е да посакува иднина со нас. Секако, не очекувате тој/таа да ви понуди детален план за вашата блиска или далечна иднина, но доволен е мал знак, мало внимание дека ве сака вас како свој сопатник, односно сопатничка во месеците или годините што следат.

0-ne-e-vistinskata-lichnost-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-kafepauza.mk

Доколку забележувате дека не знаете каде плови бродот на кој сте качени или дека вашиот партнер ги избегнува таквите разговори и на секое прашање добивате несигурен одговор „не знам“, мораме да ви кажеме дека имате голем проблем.

Потрошеното време не можете да го вратите, како ни спомените, но ако навреме спречите лошата врска да стане полоша, поголеми се шансите за оправување.

Затоа погледнете некои од знаците кои укажуваат дека вашата врска нема иднина (иако се надевате) и дека е време да му/ѝ кажете збогум (колку и лошо тоа да звучи).

1. Се чувствувате осамено во врската

Има ли полошо чувство од она кога знаете дека имате партнер до себе, но се чувствувате како да сте најосаменото суштество на светот?! Проблемот е што тој/таа се дава себеси во трошки, па вие со тек на време станувате зависни без оглед на тоа што во врската не е баш сјајно. Личноста ви станува како дрога која ви штети, но ви е потребна за да преживеете. Секогаш се надевате на подобро и пронаоѓате ситници за да се уверите дека се грижи за вас и дека ситуацијата ќе се смени, а состојбата на осаменост ќе стане минато. За жал, вистината е поразлична. Чувството на осаменост и запоставеност не се лекува лесно, тоа е првиот знак дека личноста до вас не се грижи доволно, бидејќи да се грижи не би дозволила да дојде до тоа чувство.

2-toj-ne-e-vistinskiot-chovek-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-www.kafepauza.mk_

2. Ја губите самодовербата

Кога добивате само трошки од нечие внимание и време, не може а да не се запрашате дали проблемот лежи во вас. Како минува времето, а ситуацијата не се менува, вашата самодоверба ќе го извлече подебелиот крај. Запомнете дека заслужувате онолку колку што давате.

3. Немате планови за иднината

Доколку после некое време сфатите дека со него/неа никогаш нема да го имате она што го сакате и тој/таа ги избегнува разговорите за иднината, време е да престанете да го губите вашето време. После само 6 месеци, парот треба да се запраша што понатаму, а после скоро 2 години да има точна визија дали е тоа она вистинското или не. Немојте да дозволите да бидете со некого кој ве нема во своите планови, бидејќи тоа значи само едно: не ве сака и не му е грижа за вас.

2-ne-e-vistinskata-lichnost-za-vas-4-dobri-prichini-za-momentalno-raskinuvanje-kafepauza.mk

4. Не оставате место за вистинската љубов, ако се борите за погрешната

Кога целата ваша енергија ќе ја насочите кон некој кој не ве задоволува физички и психички, но продолжувате да се гледате со него/неа, ја затворате можноста да се појави вистинската личност во вашиот живот. Важно е навреме да препознаете дали вреди да се борите за момчето/девојката кое/која не ги почитува вашите потреби. Колку и да го/ја сакате и се обидувате да го/ја промените, запомнете дека некогаш е подобро да затворите некоја врата, бидејќи постои можност да отворите друга. Доколку навистина сакате вистинска љубов во вашиот живот, не трошете време за поправање и менување на личности кои не ве заслужуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар