Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Можеби мислите дека вежбањето пред спиење го уништува вашиот сон, но науката докажува дека тие вежби се подеднакво здрави и ефикасни како и утринските. Обидете се да вежбате пред спиење и ќе забележите дека нема да се вртите додека спиете. Многу луѓе немаат време да вежбаат наутро, па прочитајте кои се придобивките од вежбањето навечер.

Можете да правите потешки вежби

Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Ако некогаш сте почувствувале ненадеен излив на енергија доцна попладне, има причина за тоа. Температурата на вашето тело се зголемува помеѓу 14 и 18 часот и поради тоа можете да вложите повеќе напор во тренинзите.

Дополнително, ако трчате, размислете да излезете да трчате навечер. Едно истражување покажа дека трчањето во темница ве тера да трчате побрзо затоа што ништо не ви го одвлекува вниманието.

Ќе спиете подобро

Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Спротивно на популарното верување, вежбањето пред спиење всушност го подобрува квалитетот на вашиот сон бидејќи е полесно е да влезете во длабок сон. Покрај тоа, нема докази дека вежбањето негативно влијае на квалитетот на спиењето. Сепак, подобро е да не правите HIIT тренинзи, бидејќи тие може да влијаат на вашето спиење.

Вашите мускули може да се формираат побрзо

Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Односот на тестостерон и кортизол навечер има најдобро влијание на растот на мускулите. Иако е повисок наутро, ефектот на градење мускули функционира во целост кога заоѓа сонцето. Подобро е да се фокусирате на трчање на долги патеки или на подолги, но полесни вежби за да го искористите максимумот.

Може да се ослободите од акумулираниот стрес

Што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење?

Понекогаш е тешко да заспиете поради сите емоции и мисли што ги имате. Во овој случај, истегнувањето пред спиење или јогата се најдобри опции. Вежбањето јога пред спиење ги намалува стресот и вознемиреноста, го забавува умот и ви помага да дишете подлабоко. Така внесувате повеќе кислород во вашето тело, а тоа прави да се чувствувате порелаксирано.

Погледнете ги овие вежби со стол што треба да ги пробате ако сте почетници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар