12 зен мудрости: Многу луѓе живеат, а не се свесни за животната магија

Тич Нат Хан е еден од најпознатите и најпочитуваните зен учители, поет и миротворец. Клучната лекција на неговото учење е дека преку свесноста можеме да научиме да бидеме среќни во сегашниот момент, а тоа е единствениот начин на кој ќе можеме да најдеме мир во себе и во светот. Ова се неговите 12 зен мудрости…

12 зен мудрости: Многу луѓе живеат, а не се свесни за животната магија

1. Никој не може да ни ја даде слободата, неа мора сами да ја негуваме. Станува збор за секојдневна пракса. Никој не може да ве спречи да бидете свесни за секој чекор или за секое вдишување и издишување.

2. На луѓето им е тешко да се одречат од нивното страдање. Од страв од непознатото, тие се определуваат за страдањето што им е познато.

3. Сознавањето е секогаш возможно. Малите сознавања доведуваат до големи. Ако дишете и притоа сте свесни дека сте живи, ќе ја почувствувате магијата на животот. А тоа е еден вид сознавање.

4. Многу луѓе живеат, а не се свесни за магијата на животот.

5. Возможно е да живеете среќно во овој момент и на ова место. Постојат толку многу предуслови за среќа што ни се на дофат, многу повеќе одошто ни се доволни за да бидеме среќни токму сега. Нема потреба да ѕиркате во иднината за да бидете посреќни.

6. Луѓето страдаат затоа што се заробеници на сопствените сфаќања. Штом се ослободиме од тие сфаќања, ќе станеме слободно и нема да страдаме повеќе.

7. Самосвесноста ни овозможува да живееме во сегашниот момент. Секогаш кога сме самосвесни, можеме да ја препознаеме моменталната состојба на среќа и да станеме среќни.

8. Можеме да живееме во сегашноста. Треба да живееме така што секој наш животен чекор ќе нѐ води до ова место и овој момент.

9. Кога сакате некого, најдоброто нешто што можете да го понудите од себе е вашето присуство. Како можете да љубите ако не сте присутни?

10. Да се биде сакан значи да се биде препознаен како битие кое постои.

11. Секоја ваша мисла, сѐ што ќе кажете и направите, има ваш печат.

12. Мора да продолжиме да учиме. Мора да имаме отворен ум. Мора да бидеме подготвени да се ослободиме од сопственото знаење за да можеме подобро да ја разбереме реалноста.

Прочитајте ги и овие 25 зен совети кои ќе ви помогнат да го пронајдете внатрешниот мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар