7 мисли што им поминуваат низ глава на девојките чија најдобра пријателка наскоро ќе се омажи

7 мисли што им поминуваат низ глава на девојките чија најдобра пријателка наскоро ќе се омажи

Вашата најдобра пријателка личноста на која можете да ѝ кажете сѐ, која ви давала совети кога ви било тешко и ви помагала да застанете на нозе по тешките периоди во животот. Со неа дури и тишината е пријатна. Таа е секогаш тука за вас и на вашите лудории им нема крај кога сте знае. Но, што се случува кога нејзиниот партнер ќе ѝ го постави судбоносното прашање и ќе ја побара за жена? Тогаш почнуваат да ви минуваат секакви мисли во глава и иако сте неизмерно среќни за неа, сепак малку сте загрижени за нејзината иднина, но и за вашето пријателство. Ова се 7-те мисли што им поминуваат на девојките чија пријателка наскоро ќе се омажи…

7 мисли што им поминуваат низ глава на девојките чија пријателка наскоро ќе се омажи

1. „Премногу се радувам“

Не би биле добри пријателки кога не би се радувале за ваква убава вест! Станува збор за еден од најголемите моменти во животот на вашата пријателка и нормално е тоа што сте пресреќни. Знаете дека таа отсекогаш сонувала за овој ден, а уште подобро е ако и вие го обожувате нејзиниот партнер. Можете да ги замислите заедно и знаете дека еден ден ќе создадат прекрасно семејство.

2. „Леле, со кого ќе одам на свадбата?“

Кога станува збор за свадбата на вашата најдобра пријателка, сигурно ќе се очекува од вас да дојдете во придружба на некој сладок дечко. Не можете да одите со кого било, па оваа обврска ви создава многу нервози. Доколку се гледате со некого, сигурно се прашувате да не е премногу рано да одите заедно на толку значајна венчавка. Што и да одлучите, нема да погрешите! Се работи за вашата најдобра пријателка! Секогаш можете да одите сами.

3. „Дали тој е доволно добар за неа?“

Почнуваат да ви се враќаат првичните сомнежи. Знаете дека вашата најдобра пријателка го заслужува само најдоброто. Кога би можеле, би ѝ подариле еднорог за роденден! Таа е светлината во вашиот живот и иако знаете дека нејзиниот вереник ја прави среќна, скептикот во вас се прашува дали тој навистина ја заслужува. Најверојатно, одговорот е потврден и треба да верувате во одлуката на вашата пријателка.

4. „Ова ќе биде најзабавната свадба во светот“

По чувствата на возбуда и скептицизам, ќе сфатите дека за неколку месеци ве очекува неверојатна забава! Ќе јадете, ќе пиете, ќе се дружите и ќе танцувате додека не се онесвестите! Сепак, еднаш се венчава вашата најдобра пријателка.

7 мисли што им поминуваат низ глава на девојките чија пријателка наскоро ќе се омажи

5. „Морам да испланирам незаборавна моминска вечер!“

Вие сте најдобрата пријателка, па оттука произлегува вашата одговорност да ја организирате совршената моминска вечер. Знаете што ѝ се допаѓа на идната невеста, а што не, па затоа не се ни сомневате дека ги исполните нејзините очекувања.

6. „Дали ќе се гледаме толку често откако ќе се омажи?“

Во овој момент, вашата тага настапува на сцена. Откако сте заклучиле дека нејзиниот свршеник не е идиот, почнувате да станува меланхолични. Дали вашите вечери поминати со вино и озборување ќе се намалат откако ќе се омажи? Дали и понатаму ќе ги поминувате петоците заедно? Дали ќе го зачувате вашето пријателство кога таа ќе биде премногу зафатена со планирањето на венчавката и брачниот живот? Не грижете се! Таа и онака е веќе подолго време во врска со нејзиниот свршеник, така што работите нема да се сменат премногу. Не заборавајте дека комуникацијата е најважна и тоа е првото нешто што треба да го направите ако се почувствувате запоставено.

7. „Таа ја заслужува сета среќа на светов!“

Ќе ви стане полесно кога ќе сфатите дека вашата најдобра пријателка е силна и независна жена која ја заслужува сета среќа на светов. Вашето пријателство е доволно силно за да ви помогне да се соочите со сета драма што ве очекува во животот. Освен тоа, треба да почнете да ѝ помагате со подготовките за еден од најголемите моменти во нејзиниот живот!

Не грижете се за вашето пријателство, бидејќи следниве 25 знаци ќе ви докажат дека сте пријателки цела вечност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар