100% чоколадни колачи

100% чоколадни колачи

За љубителите на чоколадото (а зарем не сме сите?!), овие колачиња ќе бидат вистинско задоволство.100% чоколадни колачиПотребно е:

  • 370 г темно чоколадо
  • 160 г кафеав шеќер
  • 60 г путер
  • 110 г брашно
  • 2 јајца
  • 1/2 лажиче прашок за пециво
  • 1/4 лажиче сол
  • + 50 г темна чоколада, ситно сечкана

Подготовка: Исечкајте 220 грама темно чоколадо и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа или во микробранова печка. Преостанатото чоколадо исечкајте го на многу ситни коцки. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, додадете ги оладената смеса од чоколадо и путер, брашното, солта и прашокот за пециво. На крај, додадете ги коцките чоколадо. Целата смеса убаво измешајте ја. Тестото треба да биде многу меко.

Во тавче обложено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата. Со мазниот дел од лажицата расплескајте ги колачите за да бидат рамни и врз нив ставете по неколку коцки од чоколадото (од дополнителните 50 грама). Печете ги во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, 15 до 20 минути, во зависност од големината на колачињата. Кога ќе бидат печени, оставете ги малку да се оладат, па потоа префлете ги на чинија за колачи.100% чоколадни колачи100% чоколадни колачи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Eli Reply

    e mora da gi napravam! 😀

  2. Тони Reply

    Одличен рецепт и убаво презентирано!

    Една забелешка, мора да правите разлика меѓу колач и колаче, односно во множина – колачи и колачиња.

    Продолжете со убавата содржина.

Напиши одговор на Eli Откажи одговор