Изберете пердув и откријте ја пораката на вашите ангели

Изберете пердув и откријте ја пораката на вашите ангели

Погледнете ја сликата. Кој пердув ве привлекува? Дозволете ѝ на вашата интуицијата да ви ја открие пораката што ќе ве одведе на вистинскиот пат.

Изберете пердув и откријте ја пораката на вашите ангели

1. Можеби сега животот ви изгледа тежок, но во вашата ситуација е присутен божествен план. Тоа што се појавува како хаос често се силите на ангелите на дело. Штом ќе помине бурата, ќе бидете поведени во нов правец. Ова ќе биде период на обновување на здравјето, на радост и на изобилство.

2. Разбудете се! Верувајте дека сите забуни или промени што сте ги искусиле се дел од здравиот премин. Дозволете да се случат овие промени и побарајте поддршка од вашите ангели.

3. Бевте зафатени со грижа за потребите на другите луѓе, но сега е време да се грижите за себе. Време е за одмор. Ќе бидете поефикасни и попродуктивни откако ќе си го дадете потребниот одмор.

4. Бидете свесни за вашите мисли. Времето помеѓу вашата мисла и нејзиното појавување во физичкиот свет ќе биде брзо! Важно е да имате јасно разбирање за тоа што сакате да го манифестирате во животот.

5. Од вас се бара да се приспособите на природниот ритам и на циклусите во вашиот живот. Бидете оптимисти и иницирајте промени. Надевајте се на најдобриот можен исход.

6. Очекувајте чудо! Се молевте за помош и вашите молитви ќе бидат прифатени. Колку побрзо ќе му ја препуштите својата состојба на Бог, толку побрзо ќе заздравите.

7. Време е за нови почетоци. Ќе имате многу можности за нов почеток. Најдете ги внатрешната сила и храброст за да влезете во непознатото. Внимавајте на знаците што ви се појавуваат и искористете го моментот!

Направете го и овој интересен тест: Што прво забележувате на сликата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар