15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Кога не ви е денот, секогаш можете да се разведрите со пребарување на интересни видеа со мачки на Интернет. За сите оние на кои мачките не им се омилени, има и содржини со други „крзнени топчиња“, а ние сме тука да ви го разубавиме денот со овие неверојатни факти токму за нив.

1. Мачките не нè сметаат за луѓе. Тие мислат дека сме еднакви на нив, како да сме само други мачки

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Преку галењето со главата тие всушност нè поздравуваат како да сме друг припадник од нивниот вид. Ова значи дека според нив, ние сме најголемиот, најгрдиот и најтрапавиот припадник на нивното семејство, но тие нè прифаќаат и нè сакаат такви какви што сме. 🙂

2. Видрите меѓусебно се држат за раце додека спијат за да не се оддалечат

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Понекогаш тие спијат на овој начин и во големи групи со цел да не бидат раздвоени кога минуваат низ бурни води.

3. Популацијата на тигрите е во пораст

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Ова е апсолутен позитивен факт на денот.

4. Кога се раѓа малечко слонче, слониците од стадото свират со сурлите за да го најават или прослават раѓањето

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Слоновите доживотно остануваат во блиски „семејни“ групи составени најчесто од слоници (машките слонови најчесто ги напуштаат групите и се здружуваат со други осамени слонови). Па така, слониците се најчесто присутни кога се раѓа мало слонче.

5. Кучињата киваат додека си играат со вас за да ви покажат дека немаат намера да ве повредат

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Дали ова го прави и вашето куче?

6. Кравите имаат најдобри пријатели и се посреќни кога се со нив

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Научниците од универзитетот во Нортамптон откриле дека кога кравите се заедно со други крави со кои имаат некаква социјална поврзаност, пулсот им е понизок и се порелаксирани.

7. Пандите повеќе не се сметаат за загрозен вид

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Да се биде згрижувач на панда е една од најплатените професии во Кина.

8. Видрите како мали си наоѓаат камче  и го чуваат цел живот

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Тие го чуваат камчето во наборот од нивната пазува, како во џепче.

Останатите интересни факти продолжуваат на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар