15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите - Part 2

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

9. Вашето куче најверојатно ве сонува

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Според најновите истражувања, кучињата многу често ги сонуваат луѓето за кои се најмногу приврзани, односно нивните сопственици.

10. Постојат многу малечки полски глувчиња што спијат во пупките од цветовите

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Глувчињата го сакаат мирисот на полен, па влегуваат во внатрешноста на цветовите за да јадат од прашникот, често заспивајќи таму.

11. Кучињата знаат кога треба да се вратите дома, според вашиот мирис кој останал во домот

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Понекогаш се прашувате како вашето куче има осет за времето? Ако некој од вашиот дом има дневна рутина кучето ќе чека покрај вратата или ќе гледа преку прозорецот во моментот кога лицето треба да се врати дома, според тоа колку од неговиот мирис преостанал во домот.

12. Мајките делфини им пеат на нивните бебиња уште додека се во стомакот

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Според студија од Универзитетот во Јужен Мисисипи, делфините создаваат „посебен свиреж“ за добробитот на нивните бебиња додека се во стомакот. Овој свиреж има својство на име за мајката, што му помага на младенчето да ја пронаоѓа лесно кога ќе се роди. Откако ќе се роди делфинчето, другите делфини од околината помалку испуштаат звуци за да му помогнат на младенчето да го научи вистинскиот свиреж.

13. Пчелите стануваат сонливи по пиењето нектар, па си дремнуваат на цветовите

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Сладок нектар за слатки сништа. 🙂

14. Гавраните помнат лица и можно е да се спријателите со нив

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

И секако, спријателувањето оди преку намамување со храна. Но, тие подоцна ќе ве препознаат и ќе летаат над вас, што е бесценето!

15. Понекогаш кога кучињата се појавуваат на телевизија или во филмови, мора да имаат компјутерски генерирана опашка за да не се гледа како мавтаат со својата

15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

Ова се случило за време на снимањето на филмот „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и орманот“ (The Lion, the Witch and the Wardrobe) кога некои хаски не изгледале „напаѓачки“ поради нивното среќно мавтање со опашките. Можно е да го правеле тоа поради тоа што знаеле дека добро им оди нивната глума. Истото се случило и на снимањето на „Белиот песјак“ (White Fang) и „Игра на тронови“ (Game of Thrones).

Ви беше интересно? Прочитајте ги и овие интересни факти за животните кои ги споделува една негувателка во зоолошка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар