Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

Дали знаете дека петина од сите цицачи коишто ни се познати се лилјаци? А знаете ли дека кенгурите не можат да ги движат нозете независно една од друга? Една негувателка од зоолошката и аквариумот Колумбо споделила некои од најинтересните факти за животните што ги научила на работното место. Според неа оваа кариера бара вистинска посветеност, но сепак навистина си го сака работното место.

1. Вистината за ирвасите на Дедо Мраз

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Ирвасите се единствените видови елени кај кои и машките и женските имаат рогови. На мажјаците роговите им паѓаат на почетокот на декември, а на женските во пролет. Па, сите ирваси на Дедо Мраз се женки.“

2. Свесни слонови

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Слоновите се едни од ретките животни кои можат да го поминат тестот со огледало. Односно, тие го препознаваат нивниот одраз во огледалото. Ова било тестирано така што на слонот му нацртале ознака на челото и му покажале огледало. Слонот почнал да ја допира ознаката на своето чело, што значи дека бил свесен дека се гледа себеси во огледалото.“

3. Зглобовите на фламингото

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Луѓето често мислат дека фламингата ги виткаат нозете на погрешна страна. Но зглобот којшто го гледате на средината на ногата е всушност нивниот глужд. Коленото им се наоѓа веднаш до трупот и се витка на ист начин како нашето.“

4. Развој на кенгури

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Мајката кенгур може да има 3 малечки истовремено во разна фаза на развој – ембрион во матката, малечко во торбата и уште едно речиси независно малечко. Она што е интересно е тоа што секоја брадавица на мајката „прави“ разна формула за млеко за потребите на секое малечко.“

5. Мачки што предат и ржат

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Постојат неколку начини на кои можете да ги класифицирате големите мачки. Најпозната е поделбата на мачки што ржат (тигри, лавови) и мачки што предат (рис). Пумата е најголемата мачка што преде.

6. Бојата на крзното на поларната мечка

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Крзното на поларната мечка не е бело, туку е транспарентно како оптичко влакно. Исто така нивната кожа е црна.“

7. Популација на лилјаци

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Една петина од сите познати видови цицачи се лилјаци.“

8. Чудни кенгури

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

„Кенгурите не можат да ги движат нозете независно кога се на суво. Кога пливаат можат да го прават тоа. Скокањето им е најефективниот начин на движење, а кенгурите што одат изгледаат навистина чудно.“

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар