Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

Хризантемите се симбол на минливоста на животот, смртта и жалењето. Затоа се неизоставен дел од аранжманите што ги ставаме на последните почивалишта на нашите сакани.

Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

Хризантемата (Chrysanthemum) е вид цвеќе со триесеттина подвидови повеќегодишни растенија од семејството на композити (гладиоли). Со оглед на тоа што на нашето поднебје ова цвеќе расте во ноември, луѓето почнуваат да го носат на гробовите во текот на празниците од овој месец.

Иако нејзините шарени цветови ја шират пораката дека почетокот на зимата може да биде убав, кај нас хризантемата симболизира жалење. Старите Грци сметале дека овој цвет штити од зли духови. Но, исто така тие верувале дека ова цвеќе не треба да се бере од гробовите затоа што на таа личност што ќе го набере ќе ѝ донесе несреќа.

Во Франција ова цвеќе се става на гробовите на саканите од 11 ноември 1919 год., односно од првата годишнина од примирјето по Првата светска војна. Тогашниот претседател Рејмонд Поинкаре наредил да се положи цвеќе на сите гробови на загинатите во војната. Со оглед на тоа што хризантемите тогаш биле едни од ретките цвеќиња што цветаат во тој период, биле употребени повеќе од 30.000 вакви цветови, па така започнала оваа традиција.

Поради нивната отпорност на ладни температури и мраз, хризантемата симболизира и бесмртност.

Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

Симбол на среќата, здравјето и просперитетот

Хризантемите потекнуваат од Азија, поточно од Кина и Јапонија, каде се сметаат за цвеќиња на среќата и просперитетот. Ова цвеќе во Јапонија е знак на царското семејство, а во Кина обично се подарува на крштевките и родендените. Кинезите прават вино од хризантеми кое зрее година дена и се испива на деветтиот ден од деветтиот месец. Овој ритуал му носи долг, мирен и среќен живот на семејството.

Покрај тоа, Азијците веруваат дека хризантемите имаат многу лековити својства. Локалното население развило начини на производство на цветовите кои служат за исхрана и од кои може да се направи чај против главоболки, вртоглавици, грип и кардиоваскуларни болести како и висок холестерол. Не обидувајте се да направите напиток од цветовите кои ги купувате во цвеќарите затоа што нивните својства се потполно различни.

Нежни и раскошни: Знаете ли зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?

Златен цвет

Во западниот свет хризантемите за првпат се појавиле во XVII век. Шведскиот болничар Карл Линаеус ја нарекол хризантемата златен цвет, спојувајќи го грчкиот збор chrysos што значи злато и anthemonom што значи цвет.

Во Австралија хризантемите традиционално се подаруваат за Денот на мајките, а во САД се симбол на чесноста и често може да се најдат како украс на венчавките.

За време на Викторијанското доба во Англија ова цвеќе се сметало за симбол на пријателството, а им се носело и на луѓе кои се опоравуваат по болест.

Имајте на ум дека бојата на цветот исто така е симболична. Ако добиете за подарок црвена хризантема тоа е израз на љубов. Жолтата хризантема означува жалење, а белата е симбол на лојалност и преданост кон личноста на која ѝ се подарува.

Погледнете и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар