Занимливости за тробојните мачки што ги прават овие убавици уште поинтересни

Занимливости за тробојните мачки што ги прават овие убавици уште поинтересни

Сопствениците на тробојни или калико мачки многу добро знаат колку се посебни нивните миленици, а една занимливост ги прави овие убавици уште поинтересни животни.

Занимливости за тробојните мачки што ги прават овие убавици уште поинтересни

Имено, тробојките обично се само женки и според статистичките податоци, само една од 3.000 мачки е мажјак и има повеќе Х-хромозоми, што значи дека станува збор за генетско нарушување и обично тие се стерилни.

Тробојноста на овие мачки се должи на фактот што црната и портокаловата боја се пренесуваат од Х-хромозомите, па бидејќи женките имаат два Х-хромозоми, само тие можат да имаат и жолта и црна боја, додека информациите за белите влакна се наоѓаат на сосема друг ген.

Тробојните мачки се најчесто црно-бели мачки со жолта нијанса, но може да има и други комбинации на бои.

Исто така, за тробојните мачки се вели дека имаат специфичен карактер и претставуваат најголем предизвик за своите сопственици. Од друга страна, тие се сметаат за волшебни миленичиња поради нивната способност да ја претворат негативната енергија во домот во позитивна.

Дали знаете зошто мачките мразат вода?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар