Урнебесни „веренички фотки“ ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук

Кога станува збор за некаков вид прослава, особено за веридба, многумина решаваат да го споделат тоа на Фејсбук со своите пријатели, најмногу за да соберат што е можно повеќе лајкови и да привлечат што повеќе внимание. И тоа најчесто се случува, иако поголемиот дел од луѓето воопшто не се грижат за оваа промена во вашиот живот, но сепак ќе се преправаат дека се радуваат за вас така што ќе се вклучат во дискусијата и честитките. Изгледа на еден човек толку му здодеало ова однесување, што решил да направи некаква промена и да го каже своето мислење на темата. Зек сакал да покаже и колку луѓето бесцелно се расфрлаат со лајкови на социјалните мрежи, па објавил фотографии од сопствената веридба… но со различни луѓе!

На првата фотографија ги гледаме заедно со вереницата Сомали која го покажува прстенот пред камерата. „Конечно е официјално!!!“ пишува во објаснувањето на фотографијата, заедно со 342 лајкови и 70 коментари.

„Конечно е официјално!!!“

Возбуден од вниманието што го добил на првата фотографија, Зек сакал повеќе и објавил уште една фотографија за целиот свет да ја види. Но овој пат станува збор за сосема различна жена (додека претходната вереница плаче во позадината). Оваа фотографија добила неверојатни 213 лајкови и 21 коментар.

„Не можам да поверувам колку голема онлајн поддршка добив затоа што се верив! На толку голем дел од вас им се допадна мојата објава што решив да направам и втора веридба! Ви благодарам на сите за целиот поттик!“

Зек продолжил да прави будали од сите негови пријатели и следбеници, така што објавил уште три фотографии со две различни жени и еден фин маж. И покрај тоа што лајковите и коментарите се намалувале со секоја наредна објава, сепак тие не исчезнале целосно, покажувајќи ни дека понекогаш луѓето притискаат лајк само колку да го направат тоа и на некој начин да се вклучат во толпата, наместо прво да сфатат што точно се случува, а потоа да реагираат.

„Благодарение на вашата онлајн љубов и поддршка, успеав да направам и трета веридба! Премногу сум возбуден за нашата заедничка иднина!“

(4) Урнебесни „веренички фотки“ ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук

Едноставно неверојатно! Моите веридби беа толку популарни онлајн, што запросив и по четврти пат денес! Им благодарам на сите што помогнаа ова да биде можно. Тешко е да ви доловам колку ми значи вашата онлајн љубов и поддршка, но сакам да ви се заблагодарам на сите што ме охрабрувате со лајкови!“

„Поддршката што ја добив за веридбата го промени мојот живот и сакав да ви платам однапред, мои фанови, така што ќе направам и петта веридба. Ви благодарам на сите за вашето онлајн охрабрување и ги цениме сите лајкови и споделувања што ги понудивте како поддршка на нашиот заеднички живот!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар