Слика на Бенкси се самоуништи откако беше продадена за 1 милион евра

Слика на Бенкси се самоуништи откако беше продадена за 1 милион евра

Познатиот уметник (а понекогаш и шегаџија) Бенкси навистина знае како да привлече внимание. Неговиот последен трик е можеби најекстравагантниот и најскапиот досега.

Во петокот вечерта, неговото познато дело од 2006-та година наречено „Девојче со балон“ се најде на аукција и се продаде за околу еден милион евра. Но, изгледа ова не беше само обична аукција, туку навистина неверојатен перформанс.

Штом делото беше продадено, полека почна да излегува од рамката преку сечила кои претходно биле инсталирани во неа. Така, вредното уметничко дело за кое некој потрошил цело богатство беше уништено.

Ако се земе предвид дека Бенкси е личност која не се плаши да направи сцена или да испрати провокативна порака, не би требало да нè изненадува овој настан. Но, луѓето на аукцијата не биле подготвени за ова.

„Изгледа бевме жртви на Бенкси. Тој е без сомнение најдобриот британски уличен уметник, а оваа вечер видовме дел од неговата генијалност. Се обидуваме да сфатиме кое е значењето на ова во контекст на аукцијата. Уништувањето сега е дел од уметничкото дело. Никогаш не сме се соочиле со ситуација каде што сликата спонтано се уништила откако постигнала рекорд за уметникот“, изјавил Алекс Бренџик од аукциската куќа.

Не е познато како делото било уништено бидејќи за да се случи тоа, требало Бенкси или некој што соработува со него, да бил во просторијата за да ги активира сечилата во рамката. Медиумите изјавиле дека кратко по инцидентот бил забележан маж облечен во црно со спортски очила и капа, кој имал проблем со обезбедувањето во близина на влезот.

Од аукциската куќа допрва треба да одлучат што ќе прават со остатоците од делото.

„Разговараме со купувачот кој беше навистина изненаден од приказната. Дискутираме за следните чекори.“

Целиот настан отвори дискусија на Твитер и на многу луѓе им се допадна шегата, но сепак имаат и прашања.

„Дури и личност како мене што го мрази Бенкси мора да признае дека ова беше навистина добро.“

„Сметам дека причината за ова е тоа што делата на Бенкси треба да бидат видени и искусени, а не да се поседуваат. Можеби сум грешка, но ми се допаѓа ова. Најдоброто нешто што го видов на Твитер цел ден.“

„Како сите експерти на аукцијата што го проучувале делото не успеале да го забележат механизмот во рамката?“

„Личноста што потрошила милион има право да се чувствува измамено и случајот би бил навистина интересен ако одбие да плати.“

„Сигурен сум дека вредноста на сликата пораснала. Ме интересира што ќе се случи.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар