Што говори обликот на носот за мажите?

Урбаната легенда за големиот нос и големата гордост одамна е разбиена, но сеедно, обликот на носот може да каже доста за мажот кој го има. Еве што експертите кажуваат во врска со типовите носoви.

shto-govori-oblikot-na-nosot-za-mazhite-kafepauza.mk

Напрчен нос е карактеристичен за сталожен, практичен и разумен маж кој секогаш има желба да им помогне на луѓето кои ги сака. Сака да биде во центарот на вниманието, каде што доаѓа со забавни и духовити досетки, но не е ниту помалку амбициозен од останатите. Напротив. Не е авантуристички расположен во љубовта и одлично чува тајни.

Месест нос имаат емотивните и великодушни момци, кои одлично ги кријат своите вистински чувства. Големи се шансите да останат сами цел живот освен ако евентуално не се оженат во четириесеттите. Сепак, тие се одлични љубовници. Но, бидејќи сакаат да доминираат во врските, токму тоа е и најголемата пречка за успех на љубовен план.

Грбав нос имаат момците кои делуваат упорно, стабилно и силно, но всушност се работи за несигурни луѓе кои не можат сами да ги решаваат своите проблеми. Нестрпливи и кавгаџии, тие секогаш мислат дека се во право. Што се однесува до врските, нив ги интересира само сексот.

Прав нос имаат лесно заљубливите момци кои се љубители на долги врски, и се верни и љубоморни партнери. Љубопитни се и сакаат да експериментираат, но истовремено сè анализираат, па другите ги доживуваат како ситничари. Сакаат долго да ги освојуваат срамежливите жени, но се и вообразени и ги омаловажуваат луѓето кои се послаби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар