Сакате повеќе лајкови? Еве кога е најдоброто време да објавите фотографија на Инстаграм!

Колку пати сте објавиле фотографија на Инстаграм за којашто сте биле сигурни дека ќе ви донесе многу интеракции, но на крајот сте останале разочарани? Од друга страна пак, сигурно ви се случило и некоја сосема спонтана и непланирана објава да ви добие толку многу лајкови, што дури и сте останале збунети. Изгледа дека успехот на објавите на Инстаграм зависат од времето на самата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

Имено, според апликацијата Latergramme, што служи за планирање објави на социјалните мрежи, идеалната доба од денот за собирање лајкови, односно за објавување фотографии на Инстаграм е 17 часот попладне и верувале или не, 2 часот наутро.

И покрај тоа што 17 часот звучи многу логично, бидејќи поголемиот дел од луѓето веќе се вратени дома од училиште или од работа, сигурно никогаш не би се сетиле да објавите нешто во 2 часот наутро. Но, тоа е и причината поради која ќе добиете многу интеракции тоа време – вашата фотографија нема да има скоро никаква конкуренција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camila Coelho (@camilacoelho) on

Статистиката на апликацијата исто така ни покажува и дека секој ден во неделата има сопствено иделно време за објавување фотографии ако целта ви е собирање најмногу лајкови. Еве го и точниот распоред:

Понеделник – 19:00 и 22:00

Вторник – 22:00 и 3:00

Среда – 17:00

Четврток – 7:00 и 23:00

Петок – 1:00 и 20:00

Сабота – 12:00 и 2:00

Недела – 17:00

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⚡️Tezza⚡️ (@tezzamb) on

Погледнете ги и овие 4 „жешки“ локации на Инстаграм што вреди да се посетат и во живо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар