Ќе се расплачете: Елтон Џон споделува приказна од последните денови на Фреди Меркјури

Рок легендата Фреди Меркјури ја освои публиката со неговите неверојатни перформанси како фронтмен на групата Queen. За жал, во 1991-ва година, познатиот пејач ѝ подлегна на болеста бронхопневмонија како компликација од СИДА-та.

Приказната на Елтон Џон за последните денови на Фреди Меркјури

Фреди ги допре животите на многумина и неговото сеќавање постои дури и 26 години по неговата смрт. Неговиот близок пријател, Елтон Џон, споделил срцепарателни детали за последните денови од смртта на пејачот во неговата книга „Љубовта е лекот: За љубов, загуба и на крајот, за СИДА“ (Love is the Cure: On, Life, Loss and the End, of AIDS).

Додека Џон се потсетувал на трагичните настани кои воделе до смртта на Фреди, нагласил колку несебичен бил тој. Џон изјавил дека дури и откако се разболел и знаел дека умира, Фреди сè уште се обидувал да се грижи за другите колку што може. Прочитајте го извадокот од книгата на Елтон Џон и дознајте нешто повеќе за неверојатната рок икона.

Фреди не изјави јавно дека има СИДА сè до денот пред да умре во 1991. Иако беше екстравагантен на сцената, тој беше навистина приватен зад неа. Но Фреди ми кажа дека има СИДА брзо откако беше дијагностициран во 1987-ма година. Бев уништен. Имав видено што им направи болеста на толку многу други мои пријатели. Точно знаев што ќе му направи и на Фреди. Исто го знаеше и тој. Знаеше дека смртта, болната смрт доаѓа. Но Фреди беше неверојатно храбар. Си го задржа имиџот, продолжи да изведува со Queen и продолжи да биде смешната и неверојатно дарежлива личност којашто отсекогаш бил.

Како што се влошуваше состојбата на Фреди во доцните 1980-ти и раните 90-ти, беше премногу да се издржи. Срцето ми се кршеше кога гледав како оваа светлина во светот е опустошена од СИДА. До крајот неговото тело беше покриено со рани. Беше речиси слеп. Беше премногу слаб дури и да стане.

Фреди го имаше секое право да ги поминува тие последни денови загрижен само за неговата удобност. Но тоа не беше тој. Тој навистина живееше за другите. Фреди почина на 24-ти ноември, 1991-ва година и недели по погребот сè уште тагував. На Божиќ дознав дека Фреди ми оставил уште еден последен тестамент од неговата несебичност. Еден пријател се појави на мојата врата и ми подаде нешто завиткано во навлака за перница. Ја отворив и внатре имаше слика од еден од моите омилени артисти, британскиот уметник Хенри Скот Тук. Имаше и порака од Фреди. Години пред тоа, Фреди и јас имавме прекари еден за други, нашите „драг-квин“ идентитети. Јас бев Шерон, а тој беше Мелина. Во пораката пишуваше: Драга Шерон, мислев дека ќе ти се допадне ова. Со љубов, Мелина. Среќен Божиќ.“

Бев преплавен со емоции, и иако имав 44 години тогаш, плачев како дете. Еве го овој убав маж кој умира од СИДА и во неговите последни денови некако нашол начин да ми најде прекрасен божиќен подарок. Колку и да беше тажен тој момент, често мислам на него кога се сеќавам на Фреди бидејќи го доловува неговиот карактер. Во смртта, ме потсети што го правеше толку посебен во животот.

Погледнете ги и последните фотографии од некои од најпознатите личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар