Поспан меркат кој ќе ве изнасмее

Поспан меркат кој ќе ве изнасмее

Меркатот Сури очигледно имал тежок ден. Исто како и нас луѓето, тој едноставно некогаш не може да ги издржи дневните обврски без да дремне малку, ни со целото количество кофеин во светот. Сѐ што му треба е ќебенце, перница и приказна за добра ноќ. 🙂

Се прашуваме само како овие луѓе го нашле Сури и какво е чувството да се чува меркат за домашно милениче? Меркатите или поинаку кажано сурикати, честопати ги гледаме во анимираните и авантуристички филмови, како на пример во „Животот на Пи“ бидејќи се многу интересни животни. Живеат во сите делови од пустината Калахари во Боцвана, како и во пустината Намиб во Намибија, во југозападна Ангола и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекуваат банда или клан. Еден клан од меркати најчесто е сочинет од 20 животни, но некои суперфамилии имаат и 50 или повеќе членови. Животниот век им е 12-14 години и живеат во дивината.

Поспан меркат кој ве изнасмее

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Михаелa Јовановска Reply

    Срценце е 🙂 Се што му требаше е да го галнат и одма си легна да спие.. Ама како се тутка во раката за да биде галено хехехехе

Напиши одговор на Михаелa Јовановска Откажи одговор