Пораките на малите кутри изгубени предмети
Поголемиот дел од пешаците само поминуваат покрај употребените, скршените и напуштените нешта по улиците на Њујорк. Но, не и графичкиот дизајнер Јунџин Ли. Како што се движи низ градот, таа наоѓа паметни начини да им даде личност на голем број од овие мали и неживи предмети кои се дел од нејзината серија фотографии наречена „Little Lost Project“.

Помош! Се изгубив.
Артистката создава мали хартиени знаци со кои креира глас за отфрлените нешта и пренесува пораки како „Помош! Се изгубив.“ Кутрите мали објекти кои ги држат овие знаци на тротоарите го привлекуваат вниманието на пешаците и во нив создаваат чувство на тага. Ли објаснува:
„Губењето на вашиот мобилен телефон со сигурност може да ви го уништи денот, но што се случува кога ќе го изгубите вашиот омилен балсам за усни кој секогаш се наоѓал во вашиот џеб? Можеби ќе се изнервирате, но веднаш можете да си купите нов. Но, дали некогаш сте се запрашале каде се овие мали изгубени предмети и што прават тие во овој момент?“

Помош! Се изгубив.

Еднаш многу одамна, бев нечиј сладок балсам за усни…

Опаковката од бонбони на улица е ѓубре, но како би го нарекле полното пакување со бонбони на улица?

Ќе ти недостигам еден ден.

Ние запалките сме како автобуси – доаѓаме за да си одиме.

Сакав да бидам покрај тебе додека не престанеш да кашлаш.

Дојдов дури од Париз… Нема да бидам дома за ле Божиќ.

Ако ме изгубиш мене, ќе ги изгубиш сите хартии.

Би помислиле дека „пар ракавици“ би требало да се заедно засекогаш… Јас сум бескорисна сега.
Јас сум сè уште корисна!

Бев изгубена и одбиена 3 пати. Ова ми е 4-от пат. Животот ми е возбудлив.
Вредам 1 долар и сепак успеав да ти паднам и да ме изгубиш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.