Овие девојки ќе ви покажат зошто и вие треба да научите како да се одбраните од физички напад
Да се биде нападнат е нешто за што никој не сака да размислува, но не постои дилема дека сите треба да бидат подготвени за најлошото сценарио. Токму затоа и оваа група девојки решиле да се сретнат со Нелсон Нио, тренер за самоодбрана, со цел да научат како да се заштитат себеси. Во следново видео можете да го видите нивното искуство, како и да откриете зошто и вие треба да го сторите истото!
Овој час за самоодбрана започнал бавно, но нештата брзо станале интензивни. Ви издвојуваме дел од најважните лекции кои можеме да ги научиме од нивното искуство, со цел да ви дадеме јасна насока во која треба да се движите при учењето самоодбрана.
Нивниот прв час започнал со основата. Ако се сомневате дека некој планира да ве нападне, треба да бидете гласни и бестрашни!

Следниот чекор е да научите како да се заштитите, односно како со рацете да направите штит доколку некој ви се приближи без дозвола

Притоа внимавајте на вашите палци, бидејќи тие најлесно можат да бидат скршени!

Откако ќе научите како да ги заштитите вашите палци при соочувањето со напаѓачите, вие ќе имате можност да ги оттурнете од себеси најефикасно

Кога станува збор за напаѓачи од позади, треба да научите едноставно движење со кое ќе ја преземете контролата врз неговата сила

Само запомнете да се држите пониско, со свиткани колена, и да го заштитите вашето лице

На крајот, со помош на овие техники, ќе научите како да се одбраните и да им нанесете голема болка на оние кои ќе се осмелат да ве нападнат!






























