Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

Дали сте виделе како изгледа најскапиот дом во САД? Добрата вест е што сега можете да бидете негов сопственик. Се смета дека оваа вила има најскап имот според цената по која се продава – 225 милиони долари. Се продава од страна на филантропот Гери Виник.

Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

Наречена Каса Енкантада, што во превод значи неверојатна куќа, оваа вила зафаќа простор од 4.000 квадратни метри, и има 60 соби кои имаат поглед кон градот, океанот или градината.

Резиденцијата е изградена во триесеттите години од претходниот век. Оттогаш вилата била реновирана неколку пати и сега е позната како најлуксузен имот во САД.

Луксузната вила има и куќичка покрај базен со приватно кино и бар, осветлен тениски терен, кошаркарски терен, целосно опремена куќа за гости, неколку стаклени градини и езера.

Ова е најскапата вила во САД, еве и зошто

Во вистински кралски стил, влезниот ходник ги поздравува посетителите и ги води до луксузните приемни сали, трпезарии и дневни салони.

Претходно, рекордот за најскапа вила во САД беше вила во стил на француски замок, со сопствен хеликоптер и колекција автомобили.

Следно, погледнете го овој неверојатен дом скриен во пештера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар