Караванот на убавина на AVON утре пристигнува во Градскиот парк во Скопје

За сите љубители на козметиката, убавата шминка и негуваниот изглед, AVON го најавува фантастичниот караван на убавината кој ќе посети повеќе градови низ Македонија, а утре (2 септември, сабота) од 10 до 18 часот ќе биде во Скопје во Градскиот парк кај Школка.

karavanot-na-ubavina-na-avon-utre-pristignuva-vo-gradskiot-park-vo-skopje

Дозволете си себеси моменти на уживање со бесплатна шминка од страна на професионален шминкер, кој ќе сподели и совети за нега и убавина. Претставниците од AVON со задоволство ќе ве информираат за палетата на производи и новитети. Но тоа не е сé, бидејќи светот на AVON ветува уште поголеми задоволства и радости, со бројните подароци и изненадувања кои следуваат на лице место. Сите млади мајки кои сакаат да дојдат на овој несекојдневен настан, ќе можат да дојдат и со своите деца, кои ќе биде подготвено специјално катче за игра и забава.

Тимот на AVON ги очекува сите заинтересирани во Градскиот парк во Скопје кај Школка на 2-ри септември, од 10 до 18 часот.

Нека тоа биде Ваш ден за уживање!

За AVON:

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар