Одберете еден јин и јанг и дознајте какви вибрации ширите

Одберете еден јин и јанг и дознајте какви вибрации ширите

Без оглед дали сте свесни за тоа или не, сите ние шириме одредени вибрации. Но, не сите се доволно чувствителни за да ги почувствуваат. Без разлика дали имате многу добар ден или многу лош ден, луѓето околу вас ќе забележат.

Го знаете она чувство кога некој ќе влезе во одредена просторија и одеднаш вашето срце ќе се загрее? Или некој ќе ве прегрне и ќе почувствувате како тежината од целиот свет ви паѓа од рамената? Тоа се луѓе со позитивни вибрации.

Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за својата енергија и за вибрациите што вие ги ширите тогаш погледнете ја оваа слика и одберете еден јин и јанг. Кога ќе бидете подготвени пронајдете го одговорот во продолжение…

Првиот јин и јанг

Луѓето што го прават овој избор ги шират следниве позитивни вибрации:

  • Надеж
  • Среќа
  • Хумор

Вие сте прекрасен избор на светлина во овој мрачен свет. Потребни ни се повеќе позитивни луѓе како вас за да ја промениме иднината. На луѓето им треба некој храбар со чисто срце на кој можат да се обратат, а вие секогаш сте нивниот прв избор.

Вие сте неверојатни индивидуи и тоа им е очигледно на сите што ве познаваат. Затоа и сега е време да ви кажеме БЛАГОДАРИМЕ за позитивните вибрации.

Вториот јин и јанг

Луѓето што го прават овој избор ги шират следниве позитивни вибрации:

  • Храброст
  • Љубезност
  • Мир

Вие им ја покажувате внатрешната сила на луѓето кога им е најпотребна. Важно е да го запомните и сопствениот избор на храброст – добрите вибрации се за секого, вклучувајќи ве и вас!

Вие ретко бегате од предизвици, а вашите пријатели и сакани ве ценат и секогаш ви го чуваат грбот (особено кога сте уморни од борба). Сите конфликти лесно можете да ги смирите со сопствениот суптилен шарм.

Третиот јин и јанг

Луѓето што го прават овој избор ги шират следниве позитивни вибрации:

  • Љубов
  • Благост
  • Радост

Вие секаде со себе носите љубов и среќа и луѓето тоа брзо го забележуваат. Вие обожавате да давате прегратки и секогаш се обидувате да ја проширите својата љубов. Вашата нежна насмевка е како сончев зрак – дури и за оние што не ве познаваат.

Исто како што позитивно им влијаете на вашите најблиски, така им влијаете и на непознатите. Но, малкумина можат да бидат наречени ваши пријатели и вие ги чувате како злато.

Четвртиот јин и јанг

Луѓето што го прават овој избор ги шират следниве позитивни вибрации:

  • Милост
  • Убавина
  • Сочувство

Вие во сè гледате убавина, дури и онаму каде што другите не можат. Му покажувате на светот што е вистинска убавина, преку сочувството кон другите. Можете да поминете цела вечност под ѕвездите, зјапајќи во полната месечина, во целосна рамнотежа со вселената.

Луѓето гравитираат кон вас бидејќи сте тивки набљудувачи и најчесто ги имате најдобрите совети за оние кои имаат потреба од помош.

Одберете ја и девојката што мислите дека е најатрактивна, кликнете на неа и дознајте што кажува тоа за вас! 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар