Очите на вашето дете можат да ви покажат дали тоа ќе биде склоно на депресија во својот живот

Кој би рекол? Никој не сака неговите деца да страдаат, без разлика дали станува збор за физичка или ментална болка. Па, доколку постои релативно едноставен тест кој би можел да го предвиди ризикот од развивање депресија кај вашето дете, дали би сакале да го искористите?

Очите на вашето дете можат да ви покажат дали тоа ќе биде склоно на депресија во својот живот

Депресијата е многу тешка психолошка состојба која влијае врз сите области во животот на оние кои страдаат од неа. Таа е една од најголемите причинители за неспособност при одржувањето здрав животен стил кај луѓето на возраст од 15 до 44 години. Депресијата меѓу другото, исклучително влијае и врз одржувањето на врските. Оние кои страдаат од депресија доживуваат интензивни и долготрајни емоции на анксиозност, безнадежност и негативност.

Според една неодамнешна студија објавена во журналот „Abnormal Psychology“, постои релативно едноставен тест кој може да предвиди дали вашето дете е изложено на ризик од развивање депресија. Овој тест воглавно се состои од набљудување на реакциите на зениците додека тоа гледа во различни видови фацијални изрази. Нашите зеници реагираат на многу нешта, вклучувајќи ги и светлината и темнината, алкохолот, возбудата, одредени невролошки состојби и уште многу други нешта. Нивното движење е неверојатно прецизно и може да ни открие многу нешта доколку внимателно ги погледнеме.

Научниците можат да детектираат и нешта како поспаност, различни видови емоционални состојби, сексуална заинтересираност, расизам, морално осудување, шизофренија, сеќавања, внимание, па дури и аутизам со едноставно набљудување на проширувањето на зениците. Тие исто така можат да направат и психолошки предвидувања на истиот начин. Брендон Гиб, професор по психологија при Универзитетот Бингамптон, открил дека детските зеници кои се прошируваат како одговор на гледањето одредени емоционални слики може да го откријат нивниот ризик од развивање депресија.

Во оваа студија учествувале 47 мајки и деца. Сите мајки имале историја со тешко депресивно нарушување. Нивните деца биле замолени да гледаат одредени ликови кои биле или тажни или лути и среќни.

„Моменталните откритија ни сугерираат дека психолошката реакција на тажниот стимул може да послужи како потенцијален знак за ризик од депресија кај децата кои имаат депресивни мајки“, вели Буркхаус, еден од авторите на студијата.

Како што децата гледале во ликовите, така се мерело нивното проширување на зениците. Истражувачите потоа го следеле нивниот развој и ги интервјуирале за моменталната ментална состојба на секои 6 месеци во период од 2 години. Овие тестирања им овозможиле на истражувачите да откријат колку време им било потребно да развијат знаци на депресија.

„Ние сметаме дека овој вид истражување може со тек на време да доведе до универзални тестови во канцелариите на педијатарите со цел да се намали ризикот од развивање депресија кај децата“, вели Гиб.

Доколку овие тестови можат да ја предвидат депресијата кај децата, сигурно би можеле да се откријат и превентивни третмани со цел полесно да се справат со оваа застрашувачка болест.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар