Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

Како домашните миленици ви помагаат да живеете посреќен и подобар живот?

Домашните миленици се повеќе од животни. Тие се наши пријатели и наше друштво кога сме осамени. Секојдневно од нас бараат да им даруваме грижа и заштита, правејќи нè подобри и повнимателни личности. Нè тераат да играме со нив за да заборавиме на сè она што нè мачи. Сакајте ги и чувајте ги вашите домашни миленици, тие ви помагаат да бидете подобри и посреќни личности и ве учат да водите здрав и исполнет живот.

1-kako-domashnite-milenici-vi-pomagaat-da-zhiveete-posrekjen-i-podobar-zhivot-www.kafepauza.mk_

Милениците им се посветени на своите стопани

Лесно ќе запознаете човек кој е разочаран од другите луѓе, од нивната негативност, лицемерие или предавство. Но, тоа не важи за домашните миленици. Никогаш нема да се разочарате од својот миленик. Тие се приврзуваат за своите стопани и подготвени се да се жртвуваат за да го одбранат домот.

Кога и да се разочарате од луѓето, посветете му повеќе внимание на домашниот миленик. Ќе ве забавува, ќе ви ја оттргне главата од она што ве мачи и ќе ви покаже дека постои искрено пријателство.

Милениците прават да станеме подобра верзија од себеси

Можеби сте биле сведоци на ситуација каде човек кој навидум се грижел само за себе, почнува безрезервно да дарува грижа, љубов и заштита на својот миленик. Домашните миленичиња прават чуда. Тие се паметни и мили и нè учат да бидеме безгрижни, но и верни на оние кои ни се блиски.

Имаат лековити моќи

Колку и да ви звучи чудно, животните може да излекуваат физичка и психичка болка. Тие не само што ги следат своите животински инстинкти, туку чувствуваат и размислуваат. Ако се вратите дома разочарани ќе дојдат покрај вас барајќи да им посветите внимание и ќе ви го излекуваат духот. Ако прашате сопственик на мачка ќе ви каже како, кога има болки, мачката ја положува главата на болното место и почнува да преде. Научно е докажано дека мачките може да ја почувствуваат физичката и психичката болка на своите сопственици. Некогаш е доволно едно мјау за да ви се разубави денот.

Нè прават поорганизирани и поодговорни

Ако заборавите да го нахраните, искапете или прошетате вашиот миленик знаете дека таа постапка ќе носи последици и затоа внимавате да ги исполнувате своите должности кон вашиот мал пријател. Така, колку и по природа да не сте организирани или одговорни, миленикот ќе ве научи да си го организирате времето за да можете да му посветите внимание, да го храните редовно и да се грижите за него, станувајќи многу поодговорни. Доколку ви фали дисциплина или одговорност, само присвојте домашно милениче.

Милениците претчувствуваат незгода

Не занемарувајте ги промените во однесувањето на вашиот миленик. Милениците насетуваат незгода, невреме или каква било опасност, па така може да се потпрете на нивниот инстинкт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар