Како и во која облека да заведувате според хороскопскиот знак?

Хороскопот го читаме заради забава, понекогаш толку ни се погодува, што чувствуваме дека навистина постојат само 12 типа луѓе на светот кои делат слични карактеристики според тоа кога првпат биле забележани од ѕвездите. Овој пат забавата доаѓа во вид на совети од познатиот бренд за долна облека „Agent Provocateur“. Прочитајте на кој начин да заведувате и во каква облека тоа да го правите. Ако ви делува својствено или предизвикувачки за вас, веројатно ова е уште еден таков астролошки текст во кој „баш ви погодиле“.

zaveduvanje-spored-horoskopskiot-znak-kako-i-vo-koja-obleka-kafepauza.mk

Овен

Стил на заведување: Жените-Овни паѓаат на униформи и многу се страсни.

Идеална облека: Пред сè избегнувајте црна боја, црвената многу повеќе ви прилега и буквално го запира здивот.

Бик

Стил на заведување: Дефинитивно најсензуални од сите знаци, овие жени се по малку срамежливи, но тоа само им овозможува да шармираат со зборови и да ве предизвикуваат по малку да ги „расипете“.

Идеална облека: Розовата ви е вашиот најдобар сојузник.

Близнаци

Стил на заведување: Многу се перверзни – играње улоги, секс на отворено, униформи… кај нив сè проаѓа.

Идеална облека: Зелената ќе ја нагласи вашата креативност и чувство за авантура, а во комбинација со свила, ќе ве направи апсолутна божица.

Рак

Стил на заведување: Раковите често го менуваат расположението, па зависно од тоа и нивната изведба во сексот може да биде динамична или успорена.

Идеална облека: Сината, белата и зелената ќе го истакнат она што е најдобро кај овој знак. За да засјаете уште повеќе, доволно е да додадете и некој „светкав“ детаљ како нитни или дијаманти.

Лав

Стил на заведување: Во сексот повеќе од сè се грижат за својата презентација.

Идеална облека: Лавовите сакаат сè што е впечатливо, скоро „кралски“. Омилени бои за заведување им се црвената и златната, а како бонус, можете да употребите златни лисици.

Девица

Стил на заведување: Совршена локација за состанок со Девицата би било нешто во стилот на будистички храм. Пребирлива е, резервирана, но тоа знае и да го искористи за сензуално заведување.

Идеална облека: Задолжително мора да биде нешто свилено и резервирано за посебни партнери. Секоја среда носете некоја нијанса на зелена, а во петок дречливо розова.

Вага

Стил на заведување: Бавен, софистициран и сензуален, за нејзе сексот е подеднакво емотивно и физичко доживување, а квалитетот секогаш доаѓа пред квантитетот.

Идеална облека: Нејзина боја е црната бидејќи во таа боја Сатурн го извлекува најдоброто од неа. Покрај тоа, пожелно е да користи тантела, кожа, свила и подвески.

Скорпија

Стил на заведување: Имаат неверојатна енергија и издржливост, па им требаат партнери кои ќе можат да држат чекор со нив.

Идеална облека: Виолетовата совршено ја истакнува мистичноста во нивниот стил на заведување, но црвената пак повеќе им прилега.

Стрелец

Стил на заведување: Стрелците најмногу од сè мразат ограничувања во сексот.

Идеална облека: Ги возбудува жолтата.

Јарец

Стил на заведување: Многу се игриви во кревет, па преферираат забавен секс, наместо сериозен и жесток.

Идеална облека: Црвено можеби не носат често, но оваа боја им дава дополнителен поттик кој им е многу потребен.

Водолија

Стил на заведување: Немаат никакви ограничувања, ќе им се допадне сè што не е нормално и очекувано. По малку се перверзни.

Идеална облека: Психоделични бои, особено виолетовата е нивен избор. Сакаат интензивни, флуоресцентни бои.

Риби

Стил на заведување: Често ги опишуваат како најсекси знак. Жените-Риби се многу женствени и преферираат суптилен наместо директен пристап.

Идеална облека: Најомилена боја на облека им е белата, сè што е поинтензивно од таа ќе ја уништи нивната деликатност и сензибилност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар