Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Кога некој ќе спомне Божиќ или Нова година, првото нешто на кое помислуваме се украсите. Празничното шаренило се забележува на секој чекор, а вистинската магија започнува во домот и тоа на новогодишната елка.

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Независно дали се работи за природна или пластична, веселата и разиграна новогодишна елка е најубавиот украс во домот за време на празниците. Затоа мора да ѝ дадете оригинален карактер и стил. Доколку сѐ уште не сте сигурни како да ја украсите, следуваат 3 идеи, па вие одберете ја онаа која најмногу соодветствува со вашиот амбиент.

1. Класична, еднобојна новогодишна елка

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Богато украсената елка со разни лампиони во златна, црвена или сребрена боја за многумина е омилената комбинација. Најпрвин изберете боја која најмногу ви одговара, а потоа помеѓу класичните лампиони ставете и по некоја машна или оригинален висечки украс во истата боја. На врвот на елката, се разбира, ставете ѕвезда.

2. Елегантна новогодишна елка во пастелни бои

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Пастелните бои како виолетова, бордо, нежно розова и крем, вашата елка ќе ја претворат во романтичен украс на домот. Со овие бои одлично се вклопуваат сребрените и белите лампиони, а деталите, како што се украсите со пердуви и циркони, дополнително ќе ја освежат елката и ќе ја направат доста интересна и занимлива.

3. Разиграна, индивидуална новогодишна елка

Новогодишна елка: 3 стилови на украсување за сечиј вкус

Ако сакате да си играте со боите, формите на материјалите и рачно изработените украси, тогаш уникатната разиграна елка е идеална за вашиот дом. Во оваа приказна нема ограничувања и затоа е важно да си поиграте со најразновидни украси. Популарните црвено-бели лижавчиња, ѕвончињата и лампионите, украсните ленти, машни, па дури и колачите се совршениот избор за ваквата весела елка. Пуштете ја имагинацијата да лудува!

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар