Најкратките брутално вистинити цитати од Оскар Вајлд кои ќе ве остават без зборови

Најкратките брутално вистинити цитати од Оскар Вајлд кои ќе ве остават без зборови

Оскар Вајлд е неверојатен писател кој со малку зборови успевал да каже многу. Кој може да ги заборави неговите извонредни дела „Сликата на Доријан Греј“ (The Picture of Dorian Gray) и „Важно е да се биде Богумил“ (The Importance of Being Earnest)? Нема сомнеж дека оставил драгоцено книжевно богатство од кое можат да се извлечат длабоки пораки. Во продолжение прочитајте ги овие кратки, но брутално вистинити цитати од Оскар Вајлд…

Најкратките брутално вистинити цитати од Оскар Вајлд кои ќе ве остават без зборови

„Кога дефинирате нешто, тоа е исто како да го ограничувате.“

„Сѐ треба има мерка, вклучувајќи ја и мерката.“

„Само површните луѓе се познаваат себеси.“

„Сѐ што е популарно е погрешно.“

„Срцата живеат од нивните рани.“

„Секогаш простувајте им на вашите непријатели. Ништо не може да ги изнервира повеќе од тоа.“

„Вистината ретко кога е чиста и никогаш не е едноставна.“

„Напнатоста е ужасна. Се надевам дека ќе трае.“

„Добриот пријател секогаш ќе ви го забие ножот од напред.“

„Оптимизмот се заснова на чист ужас.“

„Иронијата се троши на глупавите луѓе.“

„Илузијата е првото од сите задоволства.“

„Сите сме во калта, но некои од нас гледаат во ѕвездите.“

„Мажите се венчаат затоа што се уморни, а жените затоа што се љубопитни. И двајцата завршуваат разочарани.“

„Сите жени се бунтовнички и тоа обично се бунтуваат против самите себеси.“

„Ми се допаѓаат мажи со иднина и жени со минато.“

„Малата несигурност е опасна работа, а големата е апсолутно фатална.“

„Не сакам да се препуштам на милост и немилост на моите емоции. Сакам да ги употребувам, да уживам во нив и да доминирам со нив.“

„Животот никогаш не е фер и добро е што е така за повеќето од нас.“

„Кога некој ќе се вљуби, најпрво се лаже себеси, па потоа ги лаже и другите. Тоа светот го нарекува романтика.“

„Не ми се допаѓаат комплиментите и не гледам зошто мажите мислат дека ќе ја направат жената среќна ако ѝ изнакажат еден куп работи што не ги мислат.“

Доколку овој писател е еден од вашите омилени, погледнете и како изгледа светот според Оскар Вајлд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Марина Reply

    Пазете малку на преводот на цитатите, инаку се губи смислата

Напиши одговор на Марина Откажи одговор