Светот според Оскар Вајлд

Светот според Оскар Вајлд

Интелигентен, ексцентричен, зајадлив и понекогаш дрзок. Ова се карактеристиките кои светот му ги припишува на познатиот ирски писател, поет и драматург Оскар Вајлд (1854-1900), а тој му ги припишува на светот. Во тоа ќе ве уверат и следните цитати на Ирецот, чие најпознато дело е неговиот единствен објавен роман „Сликата на Доријан Греј“.

Светот според Оскар Вајлд

 

„Апсурдно е да ги делите луѓето на добри и лоши. Тие се или досадни или интересни.“

„Ништо не е грев, освен незнаењето.“

„Биди свој, сите други се веќе зафатени.“

„Луѓето кои сакаат само еднаш во животот, всушност се површни. Она што тие го нарекуваат верност, тоа е чудна навика или недостаток на фантазија.“

„Кога љубовта престанува, слабите лелекаат, силните веднаш пронаоѓаат нова, а паметните одамна имаат резервна.“

„Бракот е триумф на имагинацијата над интелигенцијата.“

„Малку искреност е опасна работа, а многу е апсолутно фатална.“

„На непријателите треба постојано да им простувате, тоа најмногу ги иритира.“

„Вистинскиот пријател ножот ви го забива во градите.“

„Верноста апсолутно постои. Тоа најдобро се гледа по оние жени кои се верни, тие изгледаат толку несреќно.“

„Секој светец има минато и секој грешник има иднина.“

Светот според Оскар Вајлд

 

„Мажот е среќен со жена, сè додека не се заљуби во неа.“

„Кога бев дете мислев дека парите се најважната работа во животот. Сега кога остарев, знам дека е така.“

„Подобро е да си убав, отколку добар. Но, подобро е да си добар, отколку грд.“

„Можам да одолеам на сè, освен на искушението.“

„Животот е премногу важен за да се сфати сериозно.“

„Толку многу сум паметен, што понекогаш не си ги разбирам сопствените зборови.“

„Чистата и едноставна вистина е ретко чиста и никогаш не е едноставна.“

„Амбицијата е последното прибежиште на неуспехот.“

„Кога другите се согласуваат со мене, помислувам дека не сум во право.“

„Ниту еден човек не е доволно богат за да го купи назад своето минато.“

„Песимист е човек кој кога може да бира помеѓу две зла, ги бира и двете.“

Светот според Оскар Вајлд

 

„Јас не сум доволно млад за да знам сè.“

„Со секоја жена разговарај како да ја сакаш, а со секој маж како да ти е досаден.“

„Животот е премногу краток за да може човек на својот грб да ги носи и туѓите гревови.“

„Ми се допаѓаат мажите кои имаат иднина и жените кои имаат минато.“

„Човек не може да биде премногу внимателен во изборот на непријателите.“

„Модата е форма на грдоста, толку е неподнослива што мора да ја менуваме на секои шест месеци.“

„Омразата е слепа, исто како и љубовта.“

„Немам што да пријавам, освен мојата генијалност.“

„Сета своја генијалност ја вложив во животот, само талентот во работата.“

„Тој секогаш доцни во принцип – неговиот принцип е дека точноста е крадец на времето.“

„Искуство е името кое им го даваме на нашите грешки.“

„Живеењето е најретката работа во светот. Повеќето луѓе само егзистираат.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар