Необичен тест: Напишете го своето име на лист хартија и откријте дали страдате од некоја болест

Можеби сте слушнале за графологијата, студија за ракописот која може да открие особини на личноста. И ако добро размислите, навистина не постојат две личности кои исто пишуваат. Не постојат ниту две личности кои имаат исто здравје, но научниците успеале да најдат неколку законитости во ракописот на оние кои страдаат од исти болести. Анализата на начинот на кој една личност пишува реченици отишле толку далеку, што се верува дека ракописот би можел да биде ран показател на потенцијални здравствени тегоби, како што е хипертензијата или Алцхајмеровата болест.

Проверете сами: Напишете го своето име и откријте дали страдате од некоја болест

Па, ништо не губите доколку се обидете да проверите дали и кај вас постои опасност од висок крвен притисок, Алцхајмерова болест, шизофренија или Паркинсова болест, но исто така може да покаже и дали имате вишок или пак, ви фали енергија.

Висок крвен притисок

Доколку пишувате со различно притискање на пенкалото, тоа би можело да биде еден од показателите дека имате висок крвен притисок или хипертензија – особено ако видливоста на буквите се движи од многу светла, до многу темна.

Алцхајмерова болест

Понекогаш ракописот се влошува паралелно со влошувањето на менталните способности. Тоа вклучува нечитливост на ракописот или пак, промената на изгледот на буквите кои делуваат споено со тресење при пишување. Дури и целиот процес на пишување со тек на време ќе почне да забавува.

Шизофренија

Кога закосените букви често варираат во рамките на речениците или во истата реченица, тоа е еден од доказите дека личноста не е во постојан контакт со реалноста.

Паркинсова болест

Еден од показателите на Паркинсовата болест е ситниот и збиен ракопис, познат како микрографија. Понекогаш ракописот може да биде толку ситен, што дури ни оној кој го пишувал не може да го почита.

Вишок или недостаток на енергија

Доколку пишувате со силен притисок врз пенкалото, па напишаното е со дебели букви што дури може и да ја пробијат хартијата, тогаш тоа покажува дека сте личност со многу енергија. Ако додека пишувате едвај ја допирате хартијата и напишаното е светло и бледо, тогаш или ви недостига енергија или сте уморни.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар