Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

Автор: Моника Трајковска

Долго време жените се бореле за своите права на еднаквост во светот на мажите. Во последните 6 години, околу 85% од државите ги подобриле условите за жените, според Светскиот Економски Форум, но од економска и политичка гледна точка има уште долг пат пред нив. Еве неколку места каде што е одлично да се биде жена, но и неколку места каде што на жените сè уште им е многу тешко да бидат тоа што се.

1. Најдобро место да се биде жена – Исланд

Исланд има најголема рамноправност помеѓу двата пола, земајќи ги предвид индикаторите во политиката, едукацијата, вработеноста и здравството. Најлошото место да се биде жена е во Јемен, а најопасно е во Авганистан.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

2. Најдобро место да се биде „глава“ на државата – Шри Ланка

Жените владеат со Шри Ланка скоро 23 години. За разлика од нив, во Шпанија и Шведска никогаш немало жена на поважна функција во владата.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

3. Најдобро место да се биде жена во областа на уметноста и филмот – Шведска

Шведскиот совет за уметност поднел иницијатива за подобрување на рамноправноста помеѓу половите во уметноста. Исто така, Шведскиот филмски институт овозможува подеднакво распределување на мажите и жените во филмската индустрија. Во Велика Британија пак, само 6% од филмските режисери и 12% од сценаристите се жени.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

4. Најдобро место да се биде мајка – Норвешка

Норвешка е најдоброто место на светот да се биде мајка, со многу мали шанси за смртност при пораѓај (1:7.600). Најлошо место за ова е да се биде во Авганистан, каде што жената има барем 200 пати повеќе шанси да умре при пораѓај отколку од бомба, куршум или друг вид напад.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

5. Најдобро место за економистки – Бахами

Бахамите го држат првото место на глобално ниво за економска партиципација на жените. Тие ја затвориле половата „дупка на нерамноправност“ за околу 91% во последниве шест години, за разлика од најниско рангираната држава, Јемен која има зголемување на рамноправноста помеѓу половите во економијата за само 32%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

6. Најдобро место да се биде новинарка – Карибите

Карибите се регион со највисока застапеност на ТВ, радио и печатени вести за кои известуваат жени (45%). Најлошата област е во Африка, со само 30% од настаните кои се водени од жени. Во Велика Британија има најмал процент на жени уредници на весници, само 9%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

7. Најдобро место да се живее долго – Јапонија

Жените во Јапонија живеат просечно околу 87 години, победувајќи ги мажите за 7 години. Најкраткото просечно време на живот за жени е во Лесото – 48 години, кое е само 2 години пократко од она на мажите.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

8. Најдобро место за студирање – Катар

Во Катар на секој еден маж, се запишуваат шест жени на студирање. Додека пак во државата Чад, има три пати повеќе мажи од жени кои студираат.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

9. Најдобро место да се заработи пари – Луксембург

Луксембург заедно со Норвешка го делат првото место за можност за заработка. И жените и мажите заработуваат просечно околу 40.000 долари годишно. За жените најлошо е да работат во Саудиска Арабија каде што просечното заработување на годишно ниво е околу 7.157 долари, додека пак мажите за иста работа заработуваат просечно околу 36.727 долари.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

10. Најдобро место да се биде спортистка – Америка

Пет од десетте најплатени жени спортистки биле од Америка. Најлошата држава е Саудиска Арабија која никогаш не пратила жена на Олимписките игри и има забрана за девојчињата да тренираат каков било спорт во училиште.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. mihaela Reply

    zarem toa dali zenata ke umre pri poragjaj zaviselo od doktorot? … ne sum znaela…

  2. johnny Reply

    Oti velite deka najloso e da rabotata vo Saudiska Arabija so 7157 dolari godisno …. Makedonija e daleku pomala zarabotuvackata

    • Мони Reply

      Не е добро поради фактот дека мажите за сосема иста работа таму заработуваат 37.000 долари 🙂

  3. Еленна Reply

    Топ, уште да имав пари и да си идев во странство 🙂

  4. Девојче Reply

    Најлошата држава е Саудиска Арабија која никогаш не пратила жена на Олимписките игри и има забрана за девојчињата да тренираат каков било спорт во училиште. Што ова не е можно која строгост а од спотртот нема ништо поздраво ….

Напиши одговор на Мони Откажи одговор