Значењето на цвеќињата

Значењето на цвеќињата

Без разлика дали денес ќе подарите или ќе добиете цвет како осмомартовски подарок, убаво е да ја дознаете симболиката која се крие зад секој вид. Момци, пред да ја посетите цвеќарницата денес, проверете каква порака ќе ѝ испратите на вашата љубена со цветот кој планирате да ѝ го подарите.

Роза

Розата е најчест избор кога се работи за подарување цвеќе. Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство. Овој цвет може да биде доста скап, ако се знае дека цвеќарниците со месеци ги чуваат пупките на розите затворени, сè со цел да расцутат точно за 8 март.

Значењето на цвеќињата

Гербер

Герберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.

Значењето на цвеќињата

Лале

Лалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата, и најчесто се поврзува со Холандија, каде што за прв пат процветал во 17-от век. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.Значењето на цвеќињата

Перуански лилјан

Овој долготраен цвет, познат уште како Алстроемерија, бара постојано внимание и одржување. Симболиката на овој цвет е пријателство и посветеност. Како што кажува самото име, овој вид лилјан потекнува од Јужна Америка, а карактеристично за него е тоа што има повеќе цветови по стеблото, што овозможува лесно да се вклопи во секој цветен аранжман.

Значењето на цвеќињата

Бел крин

Белиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.

Значењето на цвеќињата

Орхидеја

Орхидејата е позната како редок цвет и е симбол за љубовта, убавината, луксузот и силата. Плус, со подарувањето орхидеја испраќате порака дека имате несекојдневен стил на заведување. Личноста која подарува една орхидеја има подив темперамент од личноста која подарува цел букет рози.

Значењето на цвеќињата

Каранфил

Каранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.

Значењето на цвеќињата

Сончоглед

Како што кажува самото име на цветот, сончогледот претставува топлина, среќа и верност. Иако сончогледот цвета во лето, тој е достапен низ целата година.

Значењето на цвеќињата

Ирис

Ирисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.

Значењето на цвеќињата

Гарденија

Овој елегантен цвет означува чистота и радост, но подразбира и старомодна длабока љубов. Мажот кој на жената ѝ подарува гарденија, значи дека има заедничко минато со неа. Гарденијата е доста скап цвет и се продава единствено на парче, а не како букет.

Значењето на цвеќињата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар