Најчудните новогодишни и божиќни традиции ширум светот

Дали некогаш сте се запрашале како луѓето ширум светот ги празнуваат претстојните празници? Доколку ве интересираат туѓите култури и начини на празнување, во продолжение – најчудните традиции низ светот.

01-najchudnite-novogodishni-i-bozhikjni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza.mk

1. Каталонија

Децата во Каталонија изработуваат измет од дрво на кој исцртуваат лик и пред божиќната вечер го фрлаат во оган и го удираат со стапчиња.

2. Јужна Африка

Децата во Јужна Африка наместо колачиња, не можат да дочекаат да јадат полна чинија пржени стоногалки.

3. Норвешка

Луѓето ги кријат метлите пред божиќната вечер за да не бидат украдени од вештерки и зли духови.

4. Јапонија

Откако спровеле успешна реклама во Јапонија, останало традиција да се јаде во КФЦ за божиќната ноќ.

5. Венецуела

1-Najchudnite-Novogodishni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza.mk

Како и во многу католички земји низ светот, и во Венецуела луѓето масовно се собираат на плоштадите за божиќната ноќ. Но, таму традицијата вели дека сите треба да возат ролери таа вечер.

6. Германија

Германските палавковци наместо јаглен во чорапите си ставаат гранче во чевлите.

7. Холандија

Во Холандија Дедо Мраз има чуден пријател. Тој е бел човек со црно лице кој им дава бонбончиња на децата.

8. Нов Зеланд

2-Najchudnite-Novogodishni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza.mk

Бидејќи немаат елки, како новогодишно дрво го користат новозеландското божиќно дрво Похутукава.

9. Украина

3-Najchudnite-Novogodishni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza.mk

Наместо со новогодишни украси во Украина елките се китат со вештачки пајаци и мрежи.

10. Чешка

Во Чешка има традиција за Божиќ да не се пали светло додека не се појави правата ѕвезда. Па потоа ќе може да се сервира трпезата, но не и да се служи алкохол.

11. Естонија

4-Najchudnite-Novogodishni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza.mk

Традиција е Божиќ да се прослави фамилијарно во сауна.

12. Велс

Во некои велшки села има традиција за Божиќ да се носи череп од кобила на врвот од прачка и така да се парадира по улиците.

13. Шведска

Во Шведска традиција е да се стави излупен бадем во пудинг и се верува дека оној кој ќе го пронајде ќе стапи во брак истата година.

14. Италија

Во Италија децата не го чекаат дедо Мраз, туку Бефана – стара бабичка која ги дарува децата со слатки и играчки на 5 јануари.

15. Канада

5-Najchudnite-Novogodishni-tradicii-shirum-svetot-kafepauza

Во Канада постои адреса на Дедо Мраз. Дедо Мраз, Северен Пол, Канада, ХОХОХО. Поштата ги прима и одговара на пристигнатите писма.

16. Словачка

Најстариот член во семејството за божиќната ноќ зема лажица со пудинг и фрла кон таванот. Колку поубаво се залепи – тоа подобро.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

  1. Eva Reply

    Секоја чест за оние од Канада… <3

Остави коментар