Најчудните 25 градби во светот што ќе ве натераат да погледнете 2 пати - Part 2

Најчудните 25 градби во светот што ќе ве натераат да погледнете 2 пати

13. Музеј гитара, Тенеси, Америка

Овој музеј е познат како единствениот во форма на гитара, изграден уште во 1983-та година.

14. Чудесно јајце, островот Ишигакиџима, Јапонија

Во случај да ве интересира што е со ова чудо од јајца – целта била да биде кула за набљудување птици.

15. Јавната библиотека Канзас сити, Мисури, Америка

Кога се градела оваа зграда, луѓето ги одбрале оние книги што сметале дека ја претставуваат нивната историја и култура со цел да бидат вклучени во конструкцијата.

16. Камена куќа, Гуимараес, Португалија

Многумина мислат дека оваа куќа не постои, но новинарите истражувале и откриле дека таа всушност е многу вистината. Секако, дизајнот бил инспириран од Флинстонови.

17. Шумска спирала, Дармстад, Германија

Конструирана од страна на Фриденсреич Ундертвасер, познатиот австриски архитект, оваа структура е позната по своите живописни бои.

18. Искривената куќа, Сопот, Полска

Оваа извитоперена куќа била изградена во 2004 година и е една од најфотографираните градби во светот.

19. Куќата со дупка, Тексас, Америка

Оваа куќа не е ништо повеќе од својот опис и изгледа како времето и просторот да се срушиле во неа, создавајќи константна извиторепена дупка.

20. Свет со загатки, езеро Ванака, Отаго, Нов Зеланд

Оваа куќа се наоѓа во близина на Ванака, Нов Зеланд и е туристичка атракција којашто почнала како лавиринт во 1973 година што полека прераснала во тематски парк.

21. Судбинска градба, Митака, Јапонија

Создадена од страна на Шусаку Аракава, оваа зграда е толку уникатна што доаѓа со упатство за употреба.

22. Банкнота, Каунас, Литванија

Оваа зграда што изгледа како џиновска банкнота е постојано во центарот на вниманието, особено за туристите.

23. Атомиум, Брисел, Белгија

Оваа зграда што е дизајнирана во форма на голем атом била изградена во 1958 за Светскиот саем. Таа била изградена како светилник на надеж и оптимизам за иднината на човештвото.

24. Зграда-робот, Бангкок, Тајланд

Банката на Азија има една од најуникатните згради што постојат. Таа станува уште поневеројатна кога ќе сфатите дека била изградена во 1986 година.

25. Големиот ананас, Намбур, Квинсленд

Станува збор за најголемата зграда во форма на ананас во светот.

Погледнете ги и најгрдите и најчудните домови на познати ѕвездите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар