Тоа што прво ќе го видите на оваа слика ќе ви открие што ве спречува да најдете трајна љубов

Тоа што прво ќе го видите на оваа слика ќе ви открие што ве спречува да најдете трајна љубов

Понекогаш правиме нешта несвесно или без да го разбереме нивното влијание, па се ставаме во ситуација од која делува како да нема излез. Па, ако чувствувате дека не можете да најдете вистинска љубов која трае, тогаш обидете се да откриете како би можеле да се промените така што ќе ја анализирате оваа слика и ќе го одберете она што прво ќе ви падне во око.

Маж со брада

Ако прво го забележавте мажот со брада, тогаш вашите претходни искуства ве спречуваат да најдете трајна љубов. Вие ја гледате секоја врска како можност за учење што ви предизвикува да растете, но понекогаш толку цврсто се држите на овие „лекции“ што не ви дозволуваат да се придвижите кон напред.

За конечно да најдете љубов, вие мора да ја дочекате со отворени раце, а не да бидете затворени за неа.

Две птици

Ако прво ги забележавте двете птици, тогаш вашите неразумни очекувања се причината зошто не можете да најдете долготрајна љубов. Добро е да барате одредени карактеристики кај потенцијалниот партнер, но треба да внимавате да не претерате со нив, бидејќи совршената личност едноставно не постои.

Ако цврсто се држите за сонот во вашата глава, можеби ќе ја пропуштите шансата за прекрасна љубовна врска, со сите позитивни и негативни страни.

Планини во далечина

Ако планините беа првото нешто што ви паднало во очи, тогаш емоционалната оддалеченост е тоа што ве спречува да најдете трајна љубовна врска. Ако сакате да се приближите до некого, клучно е навистина да се поврзете. Без разлика дали сте биле повредени во минатото или не, мора да најдете начин да се отворите за нови искуства.

Никој не вели дека е лесно, ниту пак дека треба да биде лесно. Движете се со сопствено темпо, и онака како што вам ви е најудобно, но истовремено и прифатете дека вистинската љубов подразбира целосно „разголување“ пред партнерот.

Погледнете ја и оваа слика и кликнете на првото нешто што ќе ви падне во око за да дознаете зошто ви е страв да покажете слабост во љубовта


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар