10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Повеќето доктори се професионалци кои подобриле и спасиле многу животи. Тие навистина прават позитивна разлика. Но, постојат и доктори на кои воопшто не им е грижа за нивните пациенти. Ја гледаат нивната професија само како можност да заработат пари, а постојат и оние кои уживаат да им нанесуваат болка на пациентите. Овие ужасни медицински професионалци им предизвикале трајна штета на луѓето кои требало да ги лекуваат.

1. Џемс Бурт

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Во 1975-та година Џејмс ја објавил книгата „Операција на љубовта“ (Surgery of Love) во која изјавил дека жените се структурно несоодветни за секс. Ова е патолошка состојба подложна на операција.

Операцијата што ја спомнал често вклучувала отстранување на клиторисот, поместување на вагината и менување на ѕидовите помеѓу ректумот и вагината. Бурт ја извел оваа операција на стотици жени без нивно знаење.

Шери Дилон отишла кај Бурт бидејќи имала проблеми со мочниот меур. Тој ја убедил да ѝ направи операција со која ѝ ја поместил вагината и ѝ го отстранил клиторисот. Таа се разбудила во страшна болка и едвај била свесна 5 дена по процедурата. Операцијата ги направила и најобичните активности невозможни – повеќе не можела да седнува, да носи панталони или да има секс без ужасна болка.

Откако друга пациентка го пријавила, Џејмс ја предал неговата медицинска дозвола во 1988-ма година и бил присилен да потпише изјава дека никогаш нема да бара дозвола во друга држава.

2. Кристофер Дунч

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Кристофер работел како хирург речиси 2 децении. Во тој период колегите го нарекувале најлошиот хирург што го виделе и социопат кој бил опасност за пациентите. Неговата кариера завршила кога му правел операција на Џефри Глајдвел. Во текот на операцијата, колегите на Кристофер морале насилно да го отстранат од салата за да прекине. Тој не само што ја исекол ‘рбетната артерија на Џефри, туку направил и погрешен засек во неговото грло. Исто така се открило дека оставил и сунѓер во грлото. Ова покренало судска постапка и била откриена цела историја осакатувања. Во 2013-та година Кристофер ја изгубил медицинската дозвола и добил доживотен затвор.

3. Фарид Фата

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Фарид ја дијагностицирал Меги Дорси со мултипен миелом и ѝ предложил да оди на интензивна хемотерапија. Третманот ја оставил со хронична болка, слабост и потреси. Повеќе не можела да готви, чисти, пишува, а понекогаш не можела ни да стане.

Подоцна Меги открила дека воопшто не била болна. Таа била само еден од многуте пациенти кои Фарид лажно ги дијагностицирал со цел да заработи од хемотерапијата. Еден од лекарите кои работел во центарот за рак на Фарид го пријавил и тој бил уапсен. Судот открил дека тој претерувал и со третирање на терминален рак наместо да ги остави пациентите да починат мирно. Еден од неговите пациенти добил 195 третмани со хемотерапија од кои 177 биле непотребни. Биле идентификувани 553 жртви, но можно е да биле многу повеќе. Фарид добил затворска казна од 45 години.

4. Грем Рив

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Грем добил 35 жалби во рок од 15 години од други доктори, медицински сестри и пациенти. Во 1997-ма година бил присилен да се откаже од медицинската дозвола. Но, во 2001-ва година се вработил како гинеколог и специјалист акушер.

Една пациентка имала операција кај Грем во 2002-та година. Требало да се отстрани вишок кожа од нејзините вагинални усни. Пред да започне операцијата, Грем ѝ рекол дека ќе ѝ го отстрани и клиторисот. Бидејќи анестезијата почнала да делува, пациентката не можела да направи ништо и таа останала со оштетен уринарен тракт. Рив бил осуден за сексуално малтретирање и осакатување на стотици жени. Ја изгубил дозволата за работа и отслужил 11 месеци во затвор.

5. Ариа Сабит

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Неврохирургот Ариа добил дузина тужби за небрежност. Во 2012-та година, Тонока Скот отишол на третман за проблеми со грбот. Ариа предложил ‘рбетна фузија и Скот ја закажал операцијата. Процедурата го оставила Скот со трнење во прстите на нозете, десната нога и задникот. Подоцна посетил друг лекар кој открил дека фузијата воопшто не била изведена.

Истражувањата покажале дека Ариа често предлагал ‘рбетна фузија, но не ја вметнувал направата за да заштеди пари. Тој имал стотици жртви од кои многумина останале со константна болка. Бил осуден на 19 години затвор во 2017-та година.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар