10 предупредувачки знаци дека новиот партнер ќе ве контролира

10 предупредувачки знаци дека новиот партнер ќе ве контролира

Никој не сака да биде девојката со љубоморен партнер кој контролира. Ова однесување е поврзано со малтретирање и ја уништува секоја врска уште на почетокот. Иако не е секогаш лесно да ги забележите овие луѓе на почетокот, постои начин да откриете дали новиот партнер има потенцијал да ве контролира.

10 предупредувачки знаци дека новиот партнер ќе ве контролира

1. Нервозен е ако го одбиете

Ова однесување е негов начин да го добие она што го сака без да инсистира. Со викање и гнев тој се надева дека ќе ве манипулира и ќе ве натера да го послушате. Штом го прави ова, големи се шансите да се обиде да ве контролира уште повеќе во иднина.

2. Директно ви кажува дека не ги сака вашите пријатели и дека не може да се дружите со нив

Ова е можеби најочигледниот знак што можете да го добиете. Вашите дружби не се единственото нешто што ќе го контролира, па најдобро е да си заминете што е можно побрзо.

3. Преминувањето на границите е нормално за него

Кога ќе му кажете не, тој повторно ве прашува. Кога повторно нема да му дозволите, тој сепак го прави тоа што го замислил. Дали ова звучи како вашиот партнер? На овој начин тој ја презема контролата покажувајќи дека вашите потреби не му се важни. Кога ве контролира со тоа што ги игнорира вашите граници, го покажува неговото вистинско лице.

4. Многу љубомори

Спротивно на популарното верување, љубомората не е знак дека тој се грижи за вас. Ова е знак дека тој е личност што сака да контролира и е несигурен во себе.

5. Постојат двојни стандарди и не можете да му докажете дека тоа е лошо

Ова е најчесто кај момците кои кажуваат работи како: „Не може да имаш машки пријатели.“ И покрај оваа забрана, тој продолжува да ви кажува за неговите женски пријателки. Луѓето коишто контролираат им даваат други стандарди на другите за разлика од оние што си ги поставиле за нив. Обидите да го убедите дека двојните стандарди се погрешни нема да функционираат. Тој знае дека не е во право, но не му е грижа.

6. Ви кажува што да носите

Контролирањето и малтретирањето многу често започнуваат со облеката. Ако тој го контролира вашиот изглед, тогаш ве контролира и вам.

7. Љубовта и прифаќањето се условени од она што го правите

Кога некој го прави ова, тогаш не му е грижа за вас. Единственото нешто за коешто се грижи е фактот дека може да ве контролира. Секој знае дека ова однесување повредува, а тоа што продолжува да се однесува така покажува колку малку се грижи за вас.

8. Чувствувате како постојано да треба да му поднесувате „извештај“

Личноста која не може да ви даде простор или приватност е личност со сериозен проблем со контролирање. Ако забележите шпионирање, душкање или постојано критикување за тоа каде сте и што правите, подобро е навреме да ставите крај.

9. Се чувствувате должни кон него

Ова е најзлобниот начин за контролирање некого. Со ова тој прави да се чувствувате како вие да сте лошиот во врската ако не попуштите. Немојте да грешите, ова е игра во којашто не можете да победите.

10. Се расправа со вас за да попуштите

Кога ќе стигнете до оваа фаза, тоа веќе не е знак дека ве контролира. Ова е знак на малтретирање. Сега е навистина време да си заминете.

Дознајте и кои се знаците кои укажуваат на токсична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар