Која е поврзаноста помеѓу депресијата и зависноста?

Кога станува збор за депресија и зависност, едно нешто е сигурно – постои силна врска помеѓу двете. Покрај тоа јасно е дека луѓето со депресија често земаат лекови на своја рака. Исто така познато е дека и зависноста може да предизвика депресија. Она што не е познато е зошто многу луѓе кои се справуваат со зависност претходно биле депресивни.

Која е поврзаноста помеѓу депресијата и зависноста?

Многу случаи со депресија остануваат без дијагноза. Па ако зависникот покажува знаци на депресија, навистина е тешко да се одреди дали таа се појавила пред или после проблемот со зависност.

Кога депресијата предизвикува зависност?

Познато е дека некои дроги и алкохолот функционираат на сличен начин како лековите за депресија. На пример уличната дрога кетамин е препишана за депресија. Луѓето често користат антидепресиви за централниот нервен систем за да ја намалат анксиозноста и опиоиди за да ги намалат симптомите на депресија. Кога лекот или дрогата предизвикува убаво чувство, привремено се ослободувате од депресивните мисли и чувства. За жал, ова не го решава проблемот од корен. Колку повеќе се употребуваат дрогите, толку повеќе се потребни за справување и се зголемува ризикот од зависност. Зависноста може да предизвика или да ја влоши депресијата поради неколку причини.

Кога зависноста предизвикува депресија?

Постојат три начини на кои зависноста може да предизвика депресија. Прво зависноста може да направи вистински хаос во нечиј живот. Со текот на време таа му станува приоритет на корисникот. Работата, семејството и врските страдаат бидејќи личноста се обидува да ја задоволи само својата зависност. Како што нештата тргнуваат на лошо, разбирливо е што се појавува депресијата.

Постојат и две биолошки причини што објаснуваат зошто зависниците развиваат депресија. Причината е што дрогите и алкохолот вештачки го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Бидејќи ова чувство не се доживува по природен пат, зависникот се потпира на вештачкиот извор за допамин. Како што мозокот се навикнува на вештачкиот допамин, се намалува лачењето на природниот. Со текот на времето единствените позитивни сензации доаѓаат од дрогата и алкохолот.

Втората биолошка причина е лекувањето зависноста од дрога или алкохол. Не секој се справува со лекувањето на ист начин, но депресијата е многу чест симптом. Таа се појавува откако физичките симптоми на повлекување, како гадење, повраќање и халуцинации се намалуваат. Во овој период мозокот не лачи доволно допамин и серотонин кои влијаат на расположението.

Лекување на депресијата и зависноста

Околу 18% од возрасните имаат ментално нарушување, а речиси половина од нив се справуваат и со некаква зависност. Постои силна поврзаност помеѓу двете, па важно е да се истакне проблемот.

Ако познавате некој кој страда од депресија, охрабрете го да побара помош. Лекувањето на своја рака може само да го влоши проблемот. Ако некој што го познавате е во депресија и се справува со зависност, вклучете се. Можете да започнете со обичен разговор за проблемот. Ова можеби нема да биде решение, но е чекор во вистинската насока. Депресијата и зависноста се опасни проблеми кои не се решаваат самите од себе. Вклучете се кога можете и обидете се да им помогнете на саканите.

Дознајте и која е разликата помеѓу стресот и депресијата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар