Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018 година според месецот на раѓање?

Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018 година според месецот на раѓање?

Сигурно знаете дека месецот на раѓање може да ви открие многу работи за вашиот карактер, но дали сте знаеле дека тој може да ви помогне да дознаете нешто повеќе за вашиот љубовен живот? Во продолжение, пронајдете го месецот во кој сте родени и дознајте дали ќе имате среќа во љубовта во 2018 година…

Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018 година според месецот на раѓање?

Јануари

Вашата амбиција и работна етика се вашите 2 најдобри карактеристики. Но, во 2018 година ќе се вљубите во човек кој ќе ве потсети дека работата не е единственото нешто на кое треба да бидете посветени. Вашиот иден партнер ќе ја поддржува вашата кариера и ќе се радува на вашите успеси, но ќе ви даде до знаење дека многу е важно да го тргнете погледот од екраните, да ги отворите очите и да обрнете внимание на светот околу вас. Работата е важна, но исто толку важни се и семејството, пријателите, грижата за себе, радоста и забавата.

Февруари

Неочекувано ќе се вљубите во човек за кого не сте биле заинтересирани на почетокот, но постепено успеал да го привлече вашето внимание. Станува збор за личност која отсекогаш се восхитувала на вашата светла насмевка и која ќе ве натера да се отворите. Овој човек ќе ве убеди дека не треба да се плашите од вљубувањето и дека треба да му се препуштите на моментот.

Март

Во 2018 година ќе се вљубите во некого кој навистина ќе се грижи за вас. Секогаш ги ставате другите луѓе на прво место и никогаш не мислите на своите потреби. Па затоа, кога ќе сретнете човек кој ќе сака да ве прави среќни и ќе се грижи за вас, наместо да ја искористува вашата добрина, ќе се вљубите многу брзо и интензивно.

Април

Секогаш знаете што сакате, па затоа ќе започнете врска со човек кому нема да треба да му се извинувате поради вашите силни чувства и реакции. Во минатото, секогаш сте внимавале при искажувањето на вашите желби и потреби, но нареднава година конечно ќе најдете некој кој целосно ќе ве прифати и ќе ве сака такви какви што сте. Ќе можете да бидете свои и да го покажете вашето вистинско лице.

Мај

Вие сте многу мотивирани, фокусирани, зафатени и постојано имате долга листа на цели што сакате да ги остварите, места на коишто сакате да отидете и работи што сакате да ги направите. Но, во 2018 година ќе се вљубите во човек кој ќе го забави вашето темпо и ќе ве смири. Во минатото постојано сте се плашеле дека вашите партнери ќе ви го одвлечат вниманието од вашето цели и ќе ви го попречат успехот. Меѓутоа, оваа личност ќе ви овозможи да ги имате и двете работи. Ќе се смирите, ќе бидете вљубени и неизмерно среќни, додека истовремено ќе созревате, растете и ќе пробувате нови работи.

Јуни

Во 2018 година ќе ја започнете врската што отсекогаш сте ја посакувале со личност која е чувствителна, грижлива и нежна, а истовремено забавна и интересна. Ќе најдете човек кој нема да ја разбира само вашата смисла за хумор, туку и вашата чувствителност. Ќе чувствувате дека можете да разговарате за сѐ со оваа личност, без да се грижите дека разговорите ќе станат здодевни и напорни.

Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018 година според месецот на раѓање?

Јули

Иако сте многу дружељубиви и привлечни, многу ви е тешко да се отворите и да започнете љубовна врска. Па така, во 2018 година ќе се вљубите во личност која никогаш претходно не ве интересирала, но ќе сфатите дека е многу фасцинантна. Таа личност ќе прави да се чувствувате пријатно, енергично и расположени, наместо исцрпено и нервозно.

Август

Ќе завршите со личност која ви се спротивставува и не ви прогледува низ прсти. Оваа личност ќе ја разбере вашата самоувереност и потреба да бидете лидери и ќе ве сака и почитува поради тоа, но исто така ќе ве критикува кога ќе треба и ќе го брани својот став. Вашиот иден партнер или партнерка ќе се погрижат да воспостават рамноправност во врската и нема да ви дозволат само вие да ги контролирате работите.

Септември

Во 2018 година ќе се вљубите во некого кој ќе ја разбуди вашата емотивна страна. Во минатото, постојано сте се држеле на одредена дистанца од вашите партнери и секогаш сте барале начин да ги избркате пред навистина да се зближите. Но, нареднава година ќе се вљубите во личност која ќе ве натера да преземате ризици и која ќе ви покаже дека не треба да се плашите од вашите чувства.

Октомври

Вие имате голема самодоверба и ќе се вљубите во човек кој ќе ве поттикне да бидете свои, наместо да предизвика губење на вашиот личен идентитет. Вашиот иден партнер ќе ве поттикне да ги следите своите соништа, да имате свој живот и да најдете начин како да бидете тим додека истовремено функционирате одделно како независни индивидуи.

Ноември

Во 2018 година ќе се вљубите во личност која ќе биде на ваша бранова должина. Вашиот ум отсекогаш бил брз и полн со идеи, па затоа во минатото сте имале проблем да се врзувате со партнерите, бидејќи сте се плашеле дека ќе се изгубите себеси. Но, оваа личност ќе може да го следи вашето темпо, ќе знае како да се справи со вашата енергија и ќе ве разбира без да се објаснувате со зборови. Таа ќе ве сака без постојано да зависи од вас.

Декември

Во новата година ќе се вљубите во човек кој ќе ви го преврти светот наопаку, во позитивна смисла на зборот. Вашата сакана личност ќе ви ја обожува смислата за хумор и секогаш ќе ви го дава потребниот простор, но истовремено ќе ви покаже дека треба да живеете во моментот. Нема да се исплаши од вашиот темперамент и ќе ве научи како да размислувате со срцето, наместо секогаш да си го слушате разумот.

Дали сте знаеле дека месецот на раѓање открива сѐ за вашите сексуални склоности и фантазии помеѓу чаршафите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар