40 работи кои треба да ги направите пред да наполните 50 години

Секој живее само еднаш. Иако сите ние имаме многу соништа и цели, големиот дел од нив најчесто остануваат неисполнети. Многумиина завршуваат исполнувајќи го она што другите го сакале, а не она во што уживале. 50 е критична возраст каде што сме останати со уште половина од времето, ако сме доволно среќни да доживееме 100. Па зошто да не го правите она што го сакате и она што ве прави среќни уште веднаш? Погледнете ги овие 40 инспиративни работи кои вреди да ги пробате пред да наполните 50 години.

40-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-pred-da-napolnite-40-godini-kafepauza.mk

1. Одете на концерт на вашиот омилен бенд. Никогаш не е доцна за забава!

2. Простете му некому од вашето минато. Задржувањето на огорченоста е исто како да сте си купиле отров за вас, па затоа простете.

3. Тргнете се од сите токсични пријатели. Тие никогаш нема да се променат, а вам не ви е потребна таа негативност.

4. Одете на одмор со вашите најдобри пријатели. Дури и ако е само една вечер ќе биде незаборавно и забавно.

5. Патувајте сами. Можете да го помините денот правејќи што сакате, и одново ќе се вљубите во самотијата.

6. Простете им на вашите родители за грешките кои ги направиле додека ве одгледувале. Никој не е совршен и сите прават грешки.

7. Закажете си масажа после стресен ден. Ја заслужувате!

8. Купете кафе или ручек за некој што заслужува. И двајцата ќе се чувствувате подобро после тоа.

9. Прочитајте ги книгите за кои сите постојано зборуваат. Има нешто во нив што треба да го научите.

10. Излезете сами на вечера. Облечете нешто удобно или привлечно, порачајте го вашето омилено јадење и заминете си кога вие сакате.

11. Волонтирајте за нешто што е во вашето срце. Помошта е секогаш добредојдена.

12. Изгледајте го омилениот филм уште еднаш. Постои причина зошто ви е омилен!

13. Завршете физички предизвик. Од 10 склекови, до цел маратон.

14. Дајте отказ на работното место кое го мразите. Животот е прекраток за 8-часовно секојдневно мачење.

15. Направете нешто од почеток. Чувството е прекрасно кога сосема сами ќе направите нешто убаво.

16. Научете некој странски јазик. Ќе ви го направи патувањето полесно и ќе ви ги прошири погледите за светот.

17. Најдете фраза или цитат кој ве трогнува и претворете го во ваша мантра. Кажувајте си го секој ден кога се чувствувате стресно или нервозно.

18. Гледајте го зајдисонцето. Можеби е клише, но е навистина убаво и инспиративно.

19. Победете го стравот кој ве мачи веќе подолго време. Стравовите само ве кочат!

20. Почестете се со нешто што навистина го сакате, како на пример пар скапи чевли. Во ред е ова да го направите некогаш – заслужувате да имате нешто што ве прави среќни.

21. Испратете им цвеќе на вашите родители и кажете им дека ги сакате. Не дозволувајте тие да не ја знаат вашата љубов кон нив.

22. Напишете им писмо на партнерот и/или на децата и кажете им колку ги сакате и колку се грижите за нив. Секој заслужува да се чувствува сакан, а тие ќе ги чуваат писмата до крајот на својот живот.

23. Потрудете се да засакате нешто што го мразите, како музички жанр или печурки. Можеби ќе откриете сосема нова страна од себе.

24. Аплицирајте за вашата работа од соништата. Никогаш не знаете што може да се случи!

25. Посетете ги сите знаменитости во вашата држава. Ова ќе ви помогне да научите повеќе за вашата држава и убавите работи кои ќе ги видите ќе ве инспирираат.

26. Одгледајте растение од семе. Создајте нешто самите!

27. Бидете ментор на личност што ја знаете. Може да биде колега, пријател или некој од семејството – секогаш постојат луѓе на кои им е потребна помош и совет.

28. Оставете ја технологијата на една недела. Ќе уживате во мирот.

29. Направете нешто за коешто можеби подоцна ќе зажалите. Понекогаш најдобрите работи се случуваат кога ќе се одлучиме да ризикуваме.

30. Кампувајте под ѕвездите. Најдобриот начин да го опуштите мозокот.

31. Почнете ваш бизнис. Бидете си сами свој шеф и остварете си ги соништата.

32. Живејте на сосема различно место од вашиот град. Ова ќе ви ги прошири видиците и ќе ви помогне да ги разберете алтернативните перспективи.

33. Исфрлете некоја лоша навика. На пример, прејадувањето.

34. Пратете му мејл на вашиот херој и кажете му колку ви значи. Дури и никогаш да не го прочита, ќе се чувствувате подобро бидејќи сте го напишале.

35. Глупирајте се без да се чувствувате засрамено. Бидете вистинските вие!

36. Одете на пикник сами. Ќе научите да уживате во вашето друштво.

37. Читајте шеги и смејте се додека не ве заболи стомакот. Насмевките го продолжуваат животот.

38. Извадете ги омилените фотографии и ставете ги во рамки во вашиот дом. Ќе си цртате насмевка на лицето секогаш кога ќе ги погледнете.

39. Научете нешто за кое не сте ни помислувале. Размрдајте си го мозокот.

40. Простете си за нешто што ви е криво што сте го направиле. Постоело добра причина зошто во тој момент сте го направиле.

Прочитајте и зошто 40-тите се најубавата деценија во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар