Чувајте се од жената со овие особини: Таа ги мрази нејзините пријателки и мисли дека е најдобра од сите!

Повеќе пати сме биле сведоци на тоа дека жените си се најголеми непријателки едни на други, без разлика дали станува збор за пријателки, колешки или познајнички. Сите жени барем еднаш во животот крај себе имале волчица која многу добро ја криела нејзината крвожедна страна под маската на слатка и невина овчичка. Доколку знаете за кој тип жена зборуваме, сигурно сте почувствувале бесценет душевен мир веднаш штом сте се ослободиле од лажната пријателка. Прочитајте кои особини ги поседува жената од која треба да се чувате како од чума…

Чувајте се од жената со овие особини: Таа ги мрази нејзините пријателки и мисли дека е најдобра од сите!

Жената која ги мрази нејзините пријателки

Сигурно првото нешто што ви падна на памет е прашањето: Зошто некоја жена би имала пријателки кои ги мрази? Ако никој го нема признаено ова на глас, не значи дека не се случува. Станува збор за жени кои им завидуваат на нивните пријателки од 101 причина, но сепак продолжуваат да се дружат со нив. Им делат комплименти на Фејсбук и им оставаат срца на Инстаграм, но истовремено ги презираат. Најлошото е што ова можеби ви се случува и вам, но никогаш нема да дознаете.

Жената која си ги лечи комплексите на други луѓе

Сигурно сте налетале на овој тип жена во основно или средно училиште, на факултет или на работа. Таа ќе се однесува со вас на најдобар можен начин, сѐ додека не сфати дека претставувате потенцијална закана за нејзиниот статус, особено ако не е многу способна, но сака да го скрие тоа од останатите колеги и надредени. Уште полошо е кога не претставувате никаква закана, но таа сепак сака не само да ви ги отежни работните денови, туку и да ви ги претвори во пекол. Најдобро е да не преземате ништо во врска со неа, туку обидете се да ја игнорирате и да ја одбегнувате што е можно повеќе.

Жената која со сите е фина

Станува збор за жената која со сите луѓе е добра. Таа се смее на вашите шеги, ве додава на социјалните мрежи, ви лајкнува фотографии, ви остава коментари, секогаш е тука кога ви треба, никогаш не ви противречи и тоа е така затоа што таа успешно го крие нејзиното вистинско лице. Вистината е дека вие ѝ требате од некоја причина. Ниту еден човек не може да биде добар со сите, бидејќи постојат толку многу спротивставени карактери што не е возможно да се согласувате со сите.

Жената која мисли дека е најдобра од сите

Иако најчесто нема причина да се однесува вака, нејзината самодоверба е голема колку небото и не можете да видите каде завршува од сите тие темни облаци што се јавуваат над вас кога сте со неа. Вие познавате многу попривлечни, поспособни, попаметни и позабавни жени од неа, на кои не им ни паѓа на памет да го нагласуваат тоа во толкава мера, ниту пак да ги омаловажуваат другите. Токму затоа секогаш се прашувате дали е сѐ во ред со неа, додека, пак, таа никогаш не си го поставила истото прашање.

За да дознаете дали имате ваква лажна пријателка покрај себе, прочитајте ги овие правила за женското пријателство и дознајте кои работи (не) ги прават најдобрите пријателки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар