Како видовите дрога кои предизвикуваат најголема зависност влијаат на вашиот мозок?

Кои видови дрога предизвикуваат најголема зависност? Прашањето изгледа едноставно, но одговорот зависи од тоа кого прашувате. Од гледна точка на различни истражувачи, една дрога предизвикува зависност по однос на тоа колку штета може да предизвика, нејзината улична цена, степенот до кој го активира системот за допамин во мозокот, колку луѓето уживаат во неа и така натака. Но, постојат и други начини за мерење на зависноста од некоја дрога, а дури има и истражувачи кои тврдат дека ниедна од нив не создава зависност по правило. Погледнете ги различните начини на кои дел од најопасните видови дрога влијаат на вашиот мозок.

(0)-kako-drogite-koi-predizvikuvaat-zavisnost-vlijaat-na-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Хероин

Хероинот е дрога од која се создава најголема зависност. Тој е опијат кој предизвикува нивото на допамин во мозокот да се зголеми и до 200% кај експерименталните животни. Во прилог на тоа што хероинот создава најголема зависност, тој е и многу опасен, бидејќи смртоносната доза е само за пет пати поголема од дозата која предизвикува најголемо уживање.

Алкохол

Иако алкохолот е легален во скоро целиот свет, сепак некои истражувачи го рангираат на второ место од сите супстанци, според зависноста која ја создава. Алкохолот многу влијае на мозокот, а во лабораториските експерименти изведени над животни, тој го зголемува нивото на допамин за 40-360% и колку повеќе алкохол се консумирало, толку повеќе се зголемувало и нивото на допамин. Околу 22% од луѓето кои пијат алкохол, во одреден дел од животот создаваат зависност.

Кокаин

Кокаинот директно интерферира со потребата на мозокот од допамин за пренесување пораки од еден до друг неврон. Во суштина, кокаинот не им дозволува на невроните да го сопрат сигналот на допаминот, што резултира со абнормална активација на мозокот. Во експериментите изведени врз животни, кокаинот го подигнал нивото на допамин три пати над нормалните вредности. Оној вид кокаин кој се пуши е рангиран на третото место според зависноста која ја создава, додека кокаинот во прав е на петтото. Околу 21% од луѓето кои пробале кокаин, ќе станат зависни во одреден момент од животот.

Барбитурати (седативи)

Барбитуратите, исто така познати и како сини куршуми, горила или розови дами, се класа дроги кои првично биле користени за лекување анксиозност и како стимуланси за спиење. Тие интерферираат со хемиските сигнали во мозокот, при што предизвикуваат ефект на исклучување на одредени региони. При мали дози, барбитуратите предизвикуваат еуфорија, но поголемите дози можат да бидат смртоносни бидејќи го потиснуваат дишењето. Зависноста од оваа дрога била вообичаена кога таа била достапна во сите аптеки, но сега е надмината од горенаведените супстанци. Ова ја потенцира улогата која ја има општеството во однос на зависноста. Ако некоја дрога која предизвикува зависност не е достапна и распространета, не може да предизвика голема штета.

Никотин

Никотинот е главната состојка која предизвикува зависност од цигарите. Кога некој пуши цигара, никотинот брзо се апсорбира во белите дробови и се пренесува во мозокот. Половината од луѓето кои пробале цигара, набрзо станале страствени пушачи. Лабораториските животни имаат добро чувство кога е во прашање тутунот, па не пушат. Но стаорците во лабораториите го притискаат копчето преку кое директно во крвотокот им се вбризнува никотин и ова предизвикува пораст на нивото на допамин за 25-40%.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар